Сексуален хороскоп за 2020 година

Во текот на 2020 година, сите аспекти од вашиот живот ќе ги почувствуваат последиците од движењето на планетите во наредните 12 месеци. Можеби не на начин на каков што сакате вие, но сигурно е дека ќе ги почувствувате ефектите од движењето на планетите, без разлика каков е вашиот љубовен статус. Еве што можете да очекувате во вашиот сексуален живот во 2020 година врз основа на хороскопскиот знак.

Сексуален хороскоп за 2020 година

Овен

Иако на самиот почеток на годината сè ќе ви изгледа исто, тоа нема да остане така. Ќе имате такво чувство до средината на јануари, но веќе во февруари ве очекуваат промени.

Вашиот најдобар сексуален период ќе биде за време на сезоната на Овенот (од крајот на март до првите три недели од април) и потоа повторно во август. Есента ќе ви донесе многу флертувања што ќе доведат до сексуални средби.

Имајте на ум дека „најдобриот сексуален период“ не мора да значи дека ќе имате секс со некој друг. И мастурбацијата исто така се смета за секс.

Бик

Бикот е познат по издржливоста и таа ќе му помогне да заблеска во 2020 година. Вашата способност да одржувате долги периоди на предигра ќе се исплати многупати оваа година. Биковите се стабилни и решителни личности, а овие две карактеристики ќе бидат најистакнати во вашиот сексуален живот. Запомнете дека предиграта е клучна за одличен секс.

Близнаци

Самодовербата што ја поседуваат личностите родени во овој хороскопски знак доминира и во сексуален живот, без разлика дали станува збор за обичен секс или за секс со долгорочен партнер. Истото може да го очекувате и во 2020 година, особено напролет и во почетокот на летото, кога работите ќе се движат во вистинска насока.

Вашата сексуалност ќе започне во мај, а околу вас ќе има парови што ќе раскинуваат, па тоа ќе донесе перспектива за вашиот сопствен сексуален статус.

Во текот на јуни и јули ќе постојат многу можности да имате секс со личности што раскинале и што сакаат забавен секс.

Ова не значи дека по 31 јули нема да имате сексуални односи, но во периодот од мај до јули треба да ги искористите предностите што планетите ги чуваат за вас.

Рак

Чувствителните Ракови многупати ќе се чувствуваат збунето во текот на оваа година, но тоа не е нешто ново. Сепак, тоа ќе трае до почетокот на август, а потоа работите ќе почнат да си доаѓаат на своето место. Меѓутоа, иако со партнерот ќе бидете многу порасположени, сексуалниот живот нема да ви биде многу подобар. Нема да имате див секс, но ќе искусите некои нови работи. Вие сте личност што е насочена кон емоциите, а не кон сексот.

Лав

Во текот на првите 3 месеци од годината, во вашиот сексуален живот нема да се случува ништо, но потоа работите ќе се променат многу брзо.

Во текот на ова лето ќе се чувствувате уште пославно од вообичаеното бидејќи со драмата што е околу вас ќе се справувате многу професионално. Во овој период ќе бидете жестоко сексуална и страсна личност.

Но, како што ќе се наближува зимата, работите ќе се вратат на старото место и нема да има многу драматични настани.

Девица

Личностите родени во овој хороскопски знак сакаат да го контролираат својот сексуален живот на начин на кој другите хороскопски знаци не го прават тоа. Но, работите ќе бидат малку поразлични во текот на 2020 година. Она што ќе ја направи оваа година различна за вас е тоа што неочекувано ќе најдете стабилен партнер со кого ќе имате многу интимни моменти.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар