Надворешен изглед на рибите

Надворешен изглед на рибите

Општи карактеристики

Припадниците на хороскопскиот знак риби се најчесто слаби, но имаат тенденција да ги зголемат килограмите во текот на животот. Тие имаат овален облик на лицето, убави обравчиња, мал нос, густи веѓи и полни, сензуални усни, а нивниот поглед е длабок, мечтателски и истовремено детски. Овие личности најчесто имаат крупни, убави, забележителни очи, со „воден изглед“, кои претставуваат огледало на нивните силни емоции. Рибите имаат „топла“, шармантна насмевка, нежна кожа, тркалезни или мускулести рамена и најчесто ниски, а дури и оние високите припадници на овој хороскопски знак, делуваат како да се малечки. Движењата на рибите се брзи, но грациозни.

Карактеристични стапала

Најкарактеристичен и најчувствителен дел од телото кај рибите се стапалата. Некои припадници на овој хороскопски знак имаат убави, малечки стапала, кои одлично се вклопуваат на телото, а други имаат необични, специфични или големи стапала, кои отскокнуваат од контурите на другите делови на телото. Како и да е, кај рибите можат да се јават проблеми со овој дел од телото, па затоа треба да ги негуваат со разни креми и секогаш да носат удобни обувки. Овие луѓе најчесто имаат потреба од почеста масажа на стапала во однос на другите знаци.

Надворешен изглед на рибите

Влажни дланки

Нежноста и интуитивноста на рибите се забележува во нивните очи, но и во нивните меки, влажни дланки. Прстите им се тенки и конусни на врвовите кај ноктите, а дланката им е подебела и цврста. Токму дланките ги симболизираат двете планети кои управуваат со рибите, Јупитер (огнен елемент) и Нептун (воден елемент).

Надворешен изглед на рибите

Очи кои сонуваат

Припадниците на хороскопскиот знак риби имаат длабок, далечен поглед во нивните очи, па делуваат како да сонуваат некој убав сон, а отсликуваат слобода, мистерија и спиритуална длабочина. Нивниот поглед е „вкочанет“ во далечина и изгледа како да живеат во утопија, која одеднаш постанала реалност. Поради овие причини, очите на рибите се најверојатно најубавите очи во зодијакот.

Ако се заљубите во некоја риба, најверојатно ќе се прашувате себеси, „Како може да имаш толку убави очи?“

Надворешен изглед на рибите

Всушност, сите водени знаци имаат карактеристични очи. Скорпијата има продорен поглед, кај ракот очите изгледаат како тој штотуку да се разбудил од спиење, а на рибите се искрени, длабоки и нежни и особено ако се сини или зелени, изгледаат како едно бескрајно море. Затоа, на секој би му било тешко да го тргне погледот настрана од очите на рибите.

Нежни, благи кадрици

Косата на рибите е најчесто нежна и брановидна, а варира од руса до темно кафена боја.

Машките претставници на овој знак најчесто имаат благи кадрици, поради што личи како да носат венец на главата. Поради тоа, тие најчесто ја потстрижуваат нивната коса многу кратко или ја пуштаат да им порасне долга.

Женските риби го прават токму истото како и машките, ја носат косата долга или кратка, а не со средна должина. Таа е нежна и мека на допир и им дава една грациозност и женственост.

Надворешен изглед на рибите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. л. Reply

    мал нос ? хахахаха….

Напиши одговор на л. Откажи одговор