Раскошна куќа со приватно езеро

Раскошна куќа со приватно езеро

Распослана на површина од 24.281 метри² сосе градината во живописната природа на Глазгов, Шкотска, оваа куќа нуди душевен мир, задоволство и доволно простор, кој ќе направи да се чувствувате како секој ден да го живеете мрзливото неделно попладне, читајќи весник. Раскошна куќа со приватно езероМодерната вила има свое приватно езеро, два ката, во кои совршено добро е искомбиниран модерниот мебел, со надворешниот природен свет, благодарение на големите прозорци расположени од под до таван. И покрај тоа што овој ентериер дефинитивно му припаѓа на 21-от век, сепак кога ќе погледнете надвор во езерцето, добивате чувство како да се наоѓате во некоја традиционална колиба. Раскошна куќа со приватно езероРаскошна куќа со приватно езероВсушност куќата е така дизајнирана, што каде и да се движите низ неа, постојано ќе бидете потсетувани, на природата која ви се смешка однадвор. Дури и да не сте насочени кон прозорците, ќе забележите дека мебелот има таква површина, на која се рефлектира надворешноста, во секој дел од вашиот дом. Кога ќе пристигнете во вашиот дом со автомобилот, ќе ви се отворат електричните врати, после кои ќе возите по симпатична патека, која води директно до хациендата. Раскошна куќа со приватно езероРаскошна куќа со приватно езероРасполага со 4 спални соби, 2 тоалети, џакузи, сауна и туш кабина, како и дневна просторија/кујна/трпезарија во едно и две тераси. Изградена е од страна на компанијата „.Savills“ и моментално е на продажба, па ако имате доволно пари да ја купите – бујрум. 🙂Раскошна куќа со приватно езероРаскошна куќа со приватно езероРаскошна куќа со приватно езероРаскошна куќа со приватно езероРаскошна куќа со приватно езеро


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Вани Reply

    Убавини…а кој не би посакал? 🙂

Напиши одговор на Вани Откажи одговор