Како да се справите со несоница во ладните зимски денови?

Како да се справите со несоница во ладните зимски денови?

Автор: Боро Мирчески

Сонот е круцијален елемент во вашиот живот, од кој ви зависи успехот во изведувањето на секојдневните работни задачи, губење на телесната тежина и целите поставени на долг рок. Без разлика колку правилно се храните или колку редовно вежбате, доколку постојано сте хронично ненаспани и под стрес, останатите здрави навики ви пропаѓаат под вода. Според едно истражување во САД, од луѓето кои страдаат од несоница, 90% гледале телевизија еден час пред спиење, 33% седеле пред компјутер, додека 43% расчистувале по дома.

Како да се справите со несоница во ладните зимски денови?

Непобитен е фактот дека недостатокот на спиење предизвикува низа негативни ефекти врз вашето здравје како нарушување на работата на метаболизмот, апетитот, расположението, концентрацијата, меморијата итн. Некои доктори несоницата ја поврзуваат со зголемување на крвниот притисок, зголемување на стресот, нерегуларно отчукување на срцето итн. Во изминативе неколку години, две истражувања потврдуваат дека спиење помалку од 6 часа на ден или повеќе од 9 часа на ден, двојно го зголемува ризикот од смрт.

Доколку и вие спаѓате во категориите на луѓе кои спијат премалку или премногу, применете ги следните совети за вашата спална соба да ја претворите во вистинска оаза за навремен и квалитетен сон:

  • Направете си ја вашата соба „рај“ за спиење, уредувајќи ја како место кое ви пружа задоволство и одмор, а не како место кое ви предизвикува стрес и тензии.
  • Ослободете го умот од сите грижи пред да отидете во кревет. Запишете ги сите работи кои ве загрижуваат на лист хартија и нивното решавање оставете го за следното утро.
  • Пред спиење задолжително избегнете го пиењето кафе или какви било други стимуланси. Тоа вклучува и средување на домот во доцните часови.
  • Обидете се да легнувате во кревет секоја вечер во исто време, вклучувајќи ги и викендите. Регуларноста во спиењето ќе ви помогне да го нормализирате ритамот на вашето срце.

Како да се справите со несоница во ладните зимски денови?

  • Не јадете тешка и калорична храна пред спиење. Доколку сте гладни, попрво одберете да внесете протеини и масти, отколку карбохидрати.
  • Одржувајте ја умерена температурата во собата. Температурата од 16 до 18 Целзиусови степени е совршена температура за добар сон. Соба која е премногу топла или ладна е тотално непријатна соба за спиење.
  • Спијте во темница. Ова е еден од најважните совети, имајќи предвид дека светлината е моќна сила која може да го разбуди вашиот мозок далеку пред алармот од вашиот часовник или мобилен телефон. Кога сме кај светлината, експертите за решавање на проблемот со несоница ве советуваат од собата да ги отстраните сите дигитални направи кои испуштаат каков било вид светлина. Ако страдате од несоница, не чекајте, веднаш претворете ја вашата спална соба во „пештера“.

Запомнете, сите ние живееме живот со брзо темпо и имаме „еден тон“ обврски кои мора да ги завршиме во текот на еден ден. Но, недостатокот на сон сигурно нема да ви помогне во тоа. Квалитетот и квантитетот на сонот се најважни за тоа како ќе функционирате следниот ден, и денот потоа… и денот потоа… Затоа, спијте од шест до девет часа на ден и заборавете ги проблемите во темница. Има ден кога тие треба да се решаваат.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар