Жешка реклама за пролетната колекција на „Guess“
Автор: Моника Трајковска
За оваа пролет, долгогодишниот фотограф задолжен за маркетинг кампањата на „Guess“, Елен Вон Анверт и моделите Амбер Херд и Силву Тулу, отидоа на интересна авантура за да ја претстават новата пролетна колекција за 2012. Необичната маркетинг идеја е кратка приказна за морнар кој ќе се заљуби во девојка и ќе се обидува да ја освои додека тие се изгубени на море.
Тие налетуваат на прекрасен тропски остров каде што тој ќе успее во својата намера и нивната романса страсно ќе започне. Неверојатните црно-бели фотографии, кои се заштитен знак на „Guess“ одлично ја доловуваат новата љубов на двајцата изгубени која малку наликува на Холивудските приказни од златните години.
Идејата на оваа реклама е да се однесе публиката на место покрај море, далеку од студената зима и да се приближи до топлите пролетни денови кои доаѓаат. Колекцијата главно е инспирирана од модата во 60-тите, но има и некои современи додатоци.








Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
