Брза помош за неуспешни оброци и десерти: Овие 10 кулинарски трикови ќе го спасат секое јадење

Брза помош за неуспешни оброци и десерти: Овие 10 кулинарски трикови ќе го спасат секое јадење

Колку пати ви се случило нешто да пропуштите додека готвите, па да добиете препечен или премногу солен оброк? Во такви случаи, совети на искусните готвачи ќе ви помогнат да го вратите во живот лошо зготвениот оброк.

Брза помош за неуспешни оброци и десерти: Овие 10 кулинарски трикови ќе го спасат секое јадење

1. Ако имате проблем со подготовката на десеротот, премачкајте ги бисквитите со џем од кајсија пред да ја додадете глазурата.

2. Ако лебот е препечен, отстранете ги краевите, истружете ги со нож и истријте го лебот со лук. Ова ќе ја подобри аромата и ќе ги направи топлите сендвичи уште повкусни.

3. Ако јадењето е премногу солено, ставете незготвени тестенини или компири во супата и извадете ги по десет минути.

4. Супите, чорбите и сосот можете да ги направите погусти со додавање запршка или бешамел сос. Исто така, може да додадете лебни трошки или густин измешан со малку вода.

5. Заплетканите шпагети оставете ги да се изладат, а потоа загрејте ги во тава со путер или масло и мешајте бавно.

6. Благиот вкус намалете го со лимон, вински оцет или домат.

7. Стариот леб попрскајте го со вода и млеко и загрејте го во микробранова печка.

8. Премногу киселата салата исплакнете ја во вода, а преливот за салата разблажете го со малку сода бикарбона или со една лажичка шеќер.

9. Мразот или ладната вода ќе ви помогнат ако ги преварите тестенините.

10. Исцедете ги тестенините и ставете во вода со мраз за да го прекинете готвењето. Потоа загрејте ги во сос од домати. На тој начин, киселината ќе ги стврдне тестенините.

Погледнете ги и овие 7 едноставни трикови со чија помош ќе го олесните вашето работење во кујната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар