7 важни љубовни лекции што родителите треба да им ги кажат на своите ќерки

Насилството и злоупотребата на девојчињата и на жените се сè почеста појава и може да го загрижат секој родител. Поради тоа, треба да ги научите вашите ќерки како да ги избегнуваат нездравите врски и да носат правилни одлуки поврзани со нивниот љубовен живот. Секоја ќерка треба да ги знае овие 7 лекции за љубовта и за здравите врски.

7 важни љубовни лекции што родителите треба да им ги кажат на своите ќерки

1. Следете ја вашата интуиција и верувајте во себе

Вашата ќерка треба да знае дека нејзината интуиција е моќна алатка за одлучување, затоа прво треба да верува во себе.

Кога девојките имаат средба со некое момче, иако нивната интуиција нема секогаш смисла, таа е моќен начин да се избегне сексуалниот притисок од врсниците и може да им помогне да изберат соодветен партнер и да ги знаат своите сексуални граници.

Научете ја вашата ќерка да се потпира на својата интуиција така што ќе ја прашате: „Што вели твојата интуиција или твојот инстинкт за тоа?“

2. Размислувајте критички

Научете ја вашата ќерка дека дури и музиката што ја слуша, книгите што ги чита и веб-страниците што ги посетува влијаат врз нејзината слика за здрава врска.

За да ја научите да размислува критички, научете ја вашата ќерка да си ги поставува следните прашања: „Што верувам дека е вистина?“, „Зошто верувам во тоа?“, „Дали е тоа вистина?“, „Што е невистинито во врска со тоа?“

3. Научете ја разликата помеѓу љубовта и заслепеноста

Допишувањето и профилот на некоја личност на социјалните мрежи може да ви остави погрешен впечаток дека навистина ја познавате таа личност, но тоа што луѓето го прикажуваат за себе на социјалните мрежи не е секогаш поврзано со нивниот вистински карактер.

Научете ја вашата ќерка дека треба да помине многу време за да запознае некого и дека за успешна врска се потребни многу време и труд.

4. Љубомората не е знак на љубов

Љубомората значи дека го контролирате партнерот, а не дека го сакате и таа е главен фактор за насилство во љубовните врски. Ако имате здрава врска, нема потреба да го контролирате партнерот.

5. Другите жени не ви се конкуренција

Ако партнерот ве изневери, тоа значи дека тој има проблем да ви се посвети само вам и да ви биде верен, а не дека девојката со којашто ве изневерил е подобра од вас. Исто така, вашиот партнер веројатно ќе се однесува кон вас исто како што се однесувал кон неговата поранешна девојка и веројатно вие не подобри од неа.

6. Откријте ги вашите потреби

Една од карактеристиките што ги имаат жените е и можноста да чувствуваат емпатија и желба да им помогнат на другите.

Овие карактеристики се многу потребни во денешниот свет, но ако секогаш правите сè за другите на штета на вашите сопствени потреби, може брзо да станете фрустрирани.

Научете ја вашата ќерка дека единствениот начин да им помогне на другите е да биде свесна за сопствените потреби и дека тоа треба да му го каже и на својот партнер, признавајќи дека можеби се чувствува отфрлено.

7. Љубовта кон себе е најважната љубов

Жените многу често ги ставаат потребите на другите луѓе пред своите. Дали сте забележале дека постојано се грижите што мислат другите за вас? Или можеби сте се чувствувале незадоволно од другите кога правите сè за нив, одвојувате време и ги ставате нивните потреби пред вашите?

Научете ја вашата ќерка да ги стави своите потреби пред потребите на другите.

Да ја научите вашата ќерка да се сака себеси и да го цени односот што го има со партнерот е најважната љубовна лекција што треба да ја научи за да има здрава, силна и среќна љубовна врска.

Прочитајте зошто е подобро да ја послушате вашата мајка ако таа ви рече дека не ѝ се допаѓа вашето момче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар