Граница мора да има: Зошто на децата не треба да им се овозможи сè што ќе посакаат?

Убаво е чувството кога ќе му дадете подарок на дете или ќе му купите нешто што вие го немавте како дете. Сепак, премногу скапите родендени забавите и патувањата, паметните телефони, гаџетите и непотребните играчки, иако изгледаат како одлична идеја, всушност може да предизвикаат контра-ефект.

Зошто постојаното угодување не е здраво за децата?

Овозможувањето на детето толку многу материјални нешта, привилегии и избор честопати е поради недостатокот на љубов и посветеност, а кај некои семејства и занемарување, што носи со себе трајни последици…

Форми на угодување

Важно е да се напомене дека задоволувањето на желбата на секое дете вклучува не само купување на сè што тоа сака, туку и давање премногу слобода, а воведување премалку дисциплина.

Истражувачите кои се занимаваат со овој модерен феномен идентификуваа 3 различни облици на угодување:

1. Овозможување премногу нешта

Не е важно дали станува збор за играчки, тренинзи и курсеви или паметни телефони – претерувањето не е добро за децата. Треба да им дадете простор да учат со тоа што сами ќе си најдат занимација кога им е здодевно.

2. Презаштитнички однос

Родителите кои сакаат да направат сè наместо своите деца, им ја ускратуваат можноста на децата да научат како сами да направат нешто. Ова вклучува пишување домашни задачи наместо нив, како и потребата на родителите да го заштитат детето од негативните емоции што се неопходни за здрав развој.

3. Недостаток на дисциплина

Секогаш се обидуваме да ја истакнеме важноста за поставување граници за иднината на детето, бидејќи целта е еден ден тоа да стане одговорно возрасно лице. Тоа е задача на родителите кои треба да го научат детето да ги извршува задачите соодветно на возраста и да не потклекнува во моментите на гневот што се својствени за децата.

Зошто родителите премногу ги разгалуваат своите деца?

Една од најчестите причини за ваквото однесување е чувството на вина. Родителите кои работат до доцна и не ги гледаат своите деца, не сакаат да го расипат расположението на детето со тоа што ќе му дозволат само да ги изврши задачите, а кога ќе се разведат, ситуацијата е уште покомплицирана.

Тогаш таткото или мајката што повремено го гледа детето сака да надомести со купување скапи подароци. Се разбира, голем број родители прават сè според волјата на децата затоа што сакаат тие да бидат среќни, па затоа се покоруваат и не можат да кажат не.

Во некои семејства, постои недостаток на информации во врска со нападите на лутина кај децата или тантрумското однесување. Таквите родители одат на линија на помал отпор и не сакаат да постават здрави граници на долг рок.

На крајот, понекогаш родителот само сака да го заштити детето од непријатните ситуации што ги доживеало или да го надомести она што го немал во детството. Затоа, понекогаш тој оди во друга крајност, па ако неговите родители биле строги, тој би бил премногу попустлив.

Зошто постојаното угодување не е здраво за децата?

Детето треба да научи важна лекција, а тоа е дека тоа може да порасне без најновиот телефон или патики, бидејќи постои разлика помеѓу љубовта и потребите. Ако купите сè што детето бара, тоа ќе започне да верува дека без некои работи не може.

Со задоволување на секоја желба, детето може да научи дека среќата е во материјалните вредности и дека тие носат поуспешен живот.

Неопходно е да му се објасните на детето дека тоа не се поистоветува со работите што ги има, затоа што така на друг начин ќе започне да ги гледа нештата како симболи за статус. Премногу играчки, гардероба и уреди носат занемарување кога пристигнуваат нови залихи и вредноста моменталните нешта што ги поседува се губи моментално. Ова, исто така, подразбира недостаток на одговорност за она што го поседува детето.

Кога станува збор за отсуство на грижа, детето во домот сфаќа дека правилата не се однесуваат на него и дека тоа е над другите затоа што е посебно. Децата кои пораснале според опишаната шема се развиваат во личности кои се незадоволни, склони кон прејадување и прекумерно купување. Обично одат на терапевт, каде истакнуваат дека се несреќни и не се во состојба да се справат со реалноста.

Како да се престане со угодувањето?

Се надеваме дека не спаѓате во оваа група на родители, сепак, ако се идентификувате во претходните редови, можеби нема да биде предоцна да направете промена во вашето однесување.

Се разбира, првично ќе наидете на отпор и вашето дете ќе стори сè за да ви одмогне. Сепак, со примена на авторитарен модел на воспитување, ќе можете да создадете вредности и вештини во вашето дете за кои тоа еден ден ќе ви биде благодарно.

Можеби сакате да ги дознаете и 10 креативни игри за деца од предучилишна возраст и сè што ви треба имате дома.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар