Зошто секој ден треба да јадете јачмен?

Зошто секој ден треба да јадете јачмен?

Јачменот е чудотворна намирница која поседува специјална комбинација од диететски влакна кои го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот, како и нивото на шеќер во крвта и инсулинот. Консумирањето леб и други прехранбени продукти направени од јачмен, може да ги реши проблемите со дебелеењето, болестите на срцето и дијабетесот, судејќи по најновите истражувања на научниците.

Зошто секој ден треба да јадете јачмен?

Изненадувачки е како вистинскиот избор на влакна може за многу кратко време да покаже очигледни здравствени предности. Научниците од здрави личности барале три дена за појадок, ручек и вечера, да јадат леб направен од зрна јачмен. После последниот оброк секој ден, во рок од 11 до 14 часа, тестовите покажувале дека метаболизмот на луѓето се забрзал, додека нивоата на шеќер и инсулин во крвта биле намалени. Ова се случувало кога специјалната комбинација на влакна кој го има во зрната јачмен доаѓа до желудникот, при што ги стимулира добрите бактерии и ослободувањето на важните хормони.

Научниците го забележале зголемувањето на овие добри бактерии кои го регулираат метаболизмот и апетитот, како и зголемување на нивото на хормони кои ги намалуваат хроничните воспаленија. Ова со тек на време може да спречи појавување на кардиоваскуларни болести и дијабетес.

Научниците се надеваат дека луѓето во иднина почесто ќе почнат да консумираат јачмен во своите оброци, салати, супи, гулаш или ќе го консумираат како алтернатива на оризот и компирот.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар