Претходно
17 нешта за кои забораваме да им се заблагодариме на нашите пријатели
Нашите пријатели ни ги разубавуваат животите и ни помагаат да ја најдеме светлата точка и во најлошите периоди од нашите животи. Пријателството е нешто што мора да го вреднуваме и не смееме да го потценуваме. Следниот пат кога ќе видите некој од вашите најверни пријатели, не заборавајте да им се заблагодарите за некоја од следниве работи.

1. Ти благодарам што си толку искрен со мене, дури и кога не сакам да ја чујам вистината.
2. Ти благодарам што секогаш ме расположуваш кога сум несреќен/на.
3. Ти благодарам што си исто толку чуден/на колку и јас.

4. Ти благодарам што си толку несебичен/на и што знаеш да се ставиш себеси на второ место.
5. Ти благодарам што знаеш кога нешто не е во ред со мене, дури и без да ти кажам.

6. Ти благодарам што мислиш на мене.
7. Ти благодарам што не ме осудуваш.
8. Ти благодарам што си вистински пријател дури и тогаш кога сме разделени.
9. Ти благодарам што си со мене низ сито и решето.

10. Ти благодарам за сите убави моменти и спомени.
11. Ти благодарам што се жртвуваш за мене.
12. Ти благодарам што веруваш во мене и што ме охрабруваш.
13. Ти благодарам што ме сакаш и ме сметаш за дел од твоето семејство.

14. Ти благодарам што знаеш да ми простиш.
15. Ти благодарам за твојата поддршка во пијани и тешки мигови и периоди на скршено срце.
16. Ти благодарам што правиш да сум слободен/на во своја кожа.






























