Златни правила за одржување на косата

Автор: Сара Турановиќ

Секоја жена сака да има коса мека како свила, раскошна и заводлива. Но дали сте сигурни дека правилно се грижите за својата коса, па дури и дали правилно ја сушите или чешлате? Прочитајте ги овие основни правила за одржување на косата и проверете дали правите некаква грешка.

1-zlatni-pravila-za-odrzhuvanje-na-kosata-kafepauza.mk

1. Косата не треба да се мие повеќе од три пати неделно, но ако морате, таа сепак може да остане здрава и убава. За сите типови коса најважно е да бидат негувани со квалитетни препарати, кои истовремено ја зацврстуваат и обновуваат косата и кои го спречуваат кршењето.

2. Шампонот нанесувајте го само на прамените и не шампонирајте го претерано останатиот дел од косата. Ако почнете премногу да го триете остатокот од косата, особено на врвот од главата, ќе ви се направат многу заплеткани јазли. Убаво измијте ги краевите од косата затоа што во тие делови се собира нечистотијата и маснотијата, а должината на косата е доволно само да ја натопите со пена.

3. Никогаш не чешлајте ја косата додека е сосема влажна. Нежно впијте го остатокот од водата со пешкир, без триење. Поминете со прстите низ косата и отплеткајте ја откако ќе нанесете регенератор. Тогаш можете да ја исчешлате, но користете квалитетна четка за коса.

4. Четката за коса не мора да биде скапа затоа што најважно е да има заоблени врвови, а не шилести. Со горниот дел од дланката проверете колку е четката груба или нежна. Меката четка најмалку ја оштетува косата.

5. Косата измијте ја со што е можно постудена вода, која ќе ги измазни влакната и ќе ги направи пукнатините минимално видливи.

6. Откако ќе ја измиете и расчешлате косата, исушете ја со пешкир. Пешкирот не го замотувајте во турбан заедно со косата и немојте да ја триете бидејќи ќе се заплетка. Бришете ја лесно од коренот кон врвовите.

7. Пред да почнете да ја сушите косата, намачкајте ја со масло, крем или спреј за термална заштита. Така ќе го спречите пукањето на врвовите.

8. Изберете фен за сушење коса со јачина од најмалку 2.000 вати. Овие фенови сушат брзо и не прегоруваат. Фенирајте се со четка со синтетички влакна, нежно повлекувајќи со неа низ косата и држејќи го фенот на оддалеченост од пет сантиметри од косата за да не ја оштетите.

9. Бидејќи речиси сите бои за коса содржат пероксид кој ја уништува еластичноста на косата и предизвикува пукање на врвовите, нанесувајте боја само на коренот, а потоа расчешлувајте до врвовите, оставајќи да дејствува неколку минути. За да изгледа косата свежо подолг период, користете шампони наменети за бојадисана коса.

СОВЕТ ПЛУС: Ако имате проблем со првут, измешајте неколку капки етерично масло од рузмарин со две лажици маслиново масло.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар