За кои работи во животот не вреди да се нервирате?

За кои работи во животот не вреди да се нервирате?

Не е никаква тајна дека преголемиот стрес во животот носи само лоши работи, како по здравјето, така и по квалитетот на живеењето. Истражувањата покажуваат дека хроничниот стрес придонесува за многу болести, но и за прерана смрт. Поголемиот дел од луѓето се свесни за ова, но сепак не можат, а да не се нервираат за некои работи. Ова се само еден мал дел од работите, за кои многумина мудри луѓе низ светот се сложни дека не се вредни за нервирање.

За кои работи во животот не вреди да се нервирате?

1. Што другите мислат за вас, навистина не е важно.

2. Нереални и пренатрупани распореди не се потребни. Извршувајте си ги обврските чекор по чекор.

3. Понеделник доаѓа секоја недела. Зошто тогаш да се нервирате околу тоа?

4. Изгледот не е најважна работа и се менува со текот на годините.

5. Раскинувањето на врска не е крај на светот.

6. Болестите ги има на секој чекор, но тоа не значи дека треба да размислувате и да се опседнувате со нив.

7. Животот на другите не е ваша работа.

8. Трачевите им штетат само на оние кои ги кажуваат.

9. Гужвата во сообраќајот е нешто кое не можете сами да го решите.

10. Староста е нешто неминовно.

11. Неспособниот шеф не е вреден колку вашето здравје.

12. Негативните личности во вашиот живот, погрижете се повеќе да не бидат дел од него.

13. Парите како доаѓаат, така и си одат, па токму затоа тие не треба да се основата на вашиот живот.

14. Чистењето на куќата е целоживотен процес.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар