Три едноставни домашни третмани кои мора да ги пробате

Три едноставни домашни третмани кои мора да ги пробате

Секојдневно сме изложени на стрес и нервози, па затоа во слободните часови сакаме да се релаксираме. На нашата кожа исто така ѝ е потребен третман за релаксација и нега по стресниот ден. Не мора да се изложувате на скапи третмани, овие три домашни третмани се лесни и едноставни, а воедно многу корисни.

Три едноставни домашни третмани кои мора да ги пробате

1. Третман на коса со маслиново масло

Маслиновото масло не служи само за готвење, одлично е и за разубавување! Докажано е дека маслиновото масло ѝ дава сјај на косата и ги заштитува нејзините врвови.

Три едноставни домашни третмани кои мора да ги пробате

Со цел да го користите како балсам за коса, вмасирајте околу две лажици маслиново масло во косата и скалпот. Колку маслиново масло ќе искористите зависи од должината и волуменот на вашата коса. Не заборавајте да масирате добро, од маслиновото масло имате многу придобивки. Завиткајте ја вашата коса со топла, влажна крпа и почекајте од 30 до 45 минути. Ова овозможува подобар ефект на третманот. Потоа измијте ја косата со шампон, можеби ќе ви бидат потребни две измивања за целосно да го отстраните маслото. Оставете ја косата да се суши по природен пат и самите ќе ги забележите резултатите уште по првиот третман.

2. Чудотворната маска

Оваа маска можете лесно да ја направите сами, а сè што ви треба е: морско оревче, мед и цимет. Не само што одлично делува за релаксација на кожата, дополнителна предност е што мириса навистина добро.

Три едноставни домашни третмани кои мора да ги пробате

Морското оревче и медот имаат одлично дејство на смирување на кожата, намалуваат отоци и црвенила, а исто така спречуваат појави на лузни од акни. Додека пак, морското оревче во комбинација со мед е одличен ексфолијант. Најпрво направете мал тест и проверете дали вашата кожа дава какви било лоши реакции на некоја од состојките. За да ја направите маската измешајте две лажици мед со лажичка цимет и лажичка рендано морско оревче. Мешавината треба да добие изглед на густа паста. Откако ќе ја нанесете маската, оставете ја на лицето 30 минути. Измијте ја со топла вода и кружни движења за да добиете дополнителен ефект на пилинг.

3. Пилинг за тело од кафеав шеќер

Пилингот е секогаш најдобар начин да ја освежите кожата и да ги отстраните мртвите клетки, особено ако е направен по природен пат.

Три едноставни домашни третмани кои мора да ги пробате

Се подготвува многу едноставно. Само измешајте половина чаша крупен кафеав шеќер, лажица мед, малку маслиново масло, и на крај исцедете малку лимон. Вмасирајте по кожата на вашето тело, па добро исплакнете. Мириса добро, а на вашата кожа ѝ дава мекост и нежност. Едноставно, мора да го пробате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар