Сте фатиле некого во огромна лага? 15 начини да се справите со оваа непријатна ситуација

Сте фатиле некого во огромна лага? 15 начини да се справите со оваа непријатна ситуација

Замислете си свет без лаги каде сите луѓе би биле искрени цело време. Звучи прекрасно, се согласувате? За жал, оваа замисла е невозможна во денешно време и мора да се помириме со суровата реалност дека постојат поединци кои бесрамно лажат и повредуваат. Па, како треба да постапите кога ќе го фатите вашиот колега, пријател или партнер во огромна лага? Прочитајте ги следниве 15 совети кои ќе ви помогнат да се справите со оваа непријатна ситуација…

Сте фатиле некого во огромна лага: 15 начини да се справите со оваа непријатна ситуација

1. Не прогледувајте низ прсти

Ако го игнорирате лошото однесување, на тој начин само ќе ги охрабрите лошите навики. Не треба да премолчите бидејќи така нема да си помогнете ниту себеси ниту на неискрената личност.

2. Запрашајте се како влијаела лагата на вас

Секоја измама има одредено влијание на вас. Понекогаш станува збор за мала лага која нема да ве повреди, но ако се работи за нешто поголемо, тогаш постои веројатност дека ќе се почувствувате предадени. Проценете ја сериозноста на ситуацијата и реагирајте соодветно.

3. Размислете како би било најпаметно да постапите

Пред да преминете на дела, вдишете длабоко и размислете за вашите опции. Доколку реагирате импулсивно, постои голема веројатност дека ќе ја влошите веќе вжештената ситуација.

4. Фокусирајте се само на моменталното однесување

Најдобро е да се сконцентрирате на делата што ве повредиле во моментот. Не ги спомнувајте проблемите што сте ги закопале во минатото, бидејќи така и другата личност ќе заземе одбранбен став и нема да можете да разговарате разумно.

5. Поставувајте директни прашања

Ако се сомневате дека некој ве излажал или манипулирал со вас, не заборавајте дека вие ја заслужувате вистината. Не преминувајте на друга тема сѐ додека не сте задоволни со одговорите што сте ги добиле.

6. Не ја потценувајте лагата

Некои луѓе се обидуваат да му дадат помало значење на нечесното однесување и го третираат како бела лага или како нешто што не е голема работа. Лагите се секогаш голема работа и не би требало да поминуваат неказнето.

7. Проценете дали личноста навистина сака да ви ја признае вистината

За време на директното соочување, повеќето луѓе се обидуваат да ја прикријат лагата со друга лага, па со трета и така натаму. Оштетената доверба може да се поправи само доколку лажливецот преземе одговорност за сопственото однесување.

8. Побарајте второ мислење

Нечесните луѓе се експерти за лажење и манипулирање, така што постои голема веројатност дека по разговорот ќе бидете целосно збунети. Побарајте совет од вашите вистински пријатели кои би можеле да ви помогнат да ги распознаете лагите од вистината.

Сте фатиле некого во огромна лага: 15 начини да се справите со оваа непријатна ситуација

9. Слушајте го вашиот инстинкт

Дајте си дозвола да реагирате онака како што ќе почувствувате дека е најдобро во моментот. Ако се сомневате во туѓата искреност, внимателно слушајте што ви вели вашето срце.

10. Немојте да бидете жртвено јагне

Нечесните луѓе ќе се обидат да ви ја префрлат вината и да ве уверат дека проблемот е до вас, поради тоа што сте премногу чувствителни и претерано реагирате. Немојте да „паднете“ на оваа манипулација и останете доследни на вашиот став.

11. Точно определете ги вашите граници и држете се до нив

Најдобар начин да ги одбегнете ваквите проблеми во иднина е да бидете искрени и директни во врска со вашите очекувања.

12. Сфатете дека нечесните луѓе нема да ве излажат само еднаш

Постои голема веројатност дека личноста која ве излажала еднаш, ќе ве излаже пак.

13. Не омекнувајте

Ова значи дека не треба да се чувствувате одговорни за личноста која ве излажала. Можеби ќе посакате да ја поправите ситуацијата, но не заборавајте дека можете да го контролирате само сопственото однесување.

14. И вие кажете ја целосната вистина

Понекогаш најдобриот начин да се справите со нечесните луѓе е вие да бидете целосно искрени. Можеби на лажливецот нема да му биде гајле за вашата искреност и чесност, но вие ќе бидете горди на сопствениот интегритет и достоинство.

15. Ако ништо не ви успее, оддалечете се од лажливецот

Кога ќе сфатите дека човекот кој ве излажал нема намера да биде искрен и да преземе одговорност за сопствените дела, шансите дека ќе ја повратите меѓусебната доверба се многу мали. Токму затоа, најдобро е да се оддалечите. Тоа можеби ќе значи дека ќе треба да ја прекинете љубовната врска или долгогодишното пријателство, но не заборавајте дека постојат премногу добри и искрени луѓе во светот за да си губите време со некој кој постојано ве лаже и не ве цени воопшто.

Доколку не можете да препознаете лага, прочитајте ги овие 9 суптилни знаци дека некој ве лаже.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар