Со правилна исхрана до полесно заспивање

Сонот влијае на исхраната и исхраната влијае на сонот. Недостатокот на сон може да ве натера да јадете повеќе отколку што навистина ви е потребно, но тоа ќе го избегнете со добро избалансирана исхрана. Таа ќе го поттикне излачувањето на серотонинот и на тој начин позитивно ќе влијае на сонот, а ќе помогне и во одржувањето на здрави навики во спиењето.Со правилна исхрана до полесно заспивањеНутриционистот Ејми Џејмисон – Петоник тврди дека храната која се консумира пред спиење треба внимателно да се избира. Таа одговара на некои од најчестите прашања поврзани со оваа тема.

Дали е сеедно какви јаглехидрати се консумираат пред спиење?

За добар и мирен сон пожелно е да изберете храна која ќе ве снабди со комплексни јаглехидрати, кои во големи количини се наоѓаат во целите зрна жито, интегралниот ориз, грашокот, интегралниот леб, интегралните тестенини итн. Ако се снабдите со „гориво“ од извори на прости јаглехидрати, како на пример, слатки, газирани сокови или бел леб, тогаш доаѓа до значајни промени во нивото на шеќер во крвта, а тоа ќе ве оддалечи од мирниот сон.

Што може да се касне пред спиење?

Ако веќе мора да се касне, тоа треба да биде мала ужинка, а не оброк. Се препорачува комбинација од протеини со комплексни јаглехидрати. На пример, мало парче пилешко со мало парче интегрален леб, или парче младо сирење со интегрален леб.

Дали е важно колкава количина храна се јаде пред спиење?

Тешко ќе заспиете ако му дадете работа на вашиот желудник. Најдобро е последниот оброк во денот да го изедете барем три часа пред легнување.

Дали млекото, чајот и алкохолот помагаат при тешкотии со заспивање?

Млекото содржи протеини кои можат да помогнат, а постојат и некои докази дека чајот од камилица исто така може да биде од корист. За разлика од нив, алкохолот нанесува само штета на сонот. Тој може да ви помогне да заспиете на почетокот, но постои ризик да се разбудите ненаспани на сред ноќ, без можност повторно бргу да заспиете токму како последица од алкохолот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар