Бизарно откритие: Вашето проѕевање може да одреди дали сте психопат

Бизарно откритие: Вашето проѕевање може да одреди дали сте психопат

Според неодамнешните истражувања, дури и најмалите детали можат да ја откријат вистината за нечиј психолошки профил. Истражувачите откриле дека вашето проѕевање може да одреди дали сте психопат, така што можеби би било добро да обрнете повеќе внимание на ова несвесно дејство. Зачудувачки, но психопатските тенденции не се поврзани со тоа колку долго се проѕевате, каков звук правите притоа или дали ја покривате устата или не, туку најважно е времето кога се проѕевате.

Бизарно откритие: Начинот на кој се проѕевате може да одреди дали сте психопат

Психопатијата се дефинира како недостаток на чувство на емпатија, а тоа е една од главните причини зошто проѕевањето е толку заразно. Истражувачите од Универзитетот во Бејлор откриле дека колку човекот има помало чувство на емпатија, толку помали се шансите да се проѕева кога ќе види некој друг како го прави тоа. За целите на истражувањето, 135 студенти пополниле тест за личноста кој ги одредувал психопатски карактеристики на поединецот, меѓу кои спаѓаат себичност, рамнодушност, импулсивност и бестрашност. Потоа учесниците биле изложени на експеримент во кој гледале видеа од 10 секунди од различни човечки изрази на лицето, вклучувајќи ги и оние што се случуваат кога луѓето се проѕеваат, и притоа биле надгледувани нивните реакции со помош на електроди.

Резултатите покажале дека колку повеќе поени имал испитаникот на тестот за личност, толку помала била веројатноста дека ќе се проѕева додека го гледал видеото. Со други зборови, оние кои немаат емоции, не чувствуваат вина и немаат обѕир кон туѓите чувства се имуни на заразното проѕевање.

Бизарно откритие: Начинот на кој се проѕевате може да одреди дали сте психопат

За луѓето, приматите, па дури и кучињата, проѕевањето е заразно и тие имаат потреба да ги имитираат проѕевањата на оние што им се блиски. Иако се проѕеваме уште од самото раѓање, социјалното проѕевање започнува кај децата на возраст помеѓу 4 и 5 години, односно на истата возраст кога почнува развојот на емпатијата. Ова едноставно дејство им помага на луѓето да се зближат и да комуницираат преку имитирање на меѓусебното однесување.

Доколку се прашувате дали во вас се кријат некои психопатски карактеристики, или, пак, се сомневате дека некој ваш близок можеби ги поседува истите, погледнете го ова видео од „Asap Science“ и видете колку долго можете да издржите без рефлексивно да вдишете длабоко заедно со останатите.

Доколку успеавте цели 3 и пол минути да се изнагледате луѓе како се проѕеваат, а притоа вие ниту еднаш не проѕевнавте, не грижете се! Тоа не значи дека треба да се предадете на полиција пред да почнете да убивате сѐ што ќе ви се најде на патот. Авторот на истражувањето, Брајан Рандл, вели дека дијагностицирањето на психопатите е комплексен процес, а ова со заразното проѕевање е само корисен показател кој ја олеснува процедурата, но не е и одлучувачки фактор. Дури и да поседувате голем број психопатски карактеристики, тоа не значи дека сте злобна личност, туку човек кому му е малку потешко да се поврзе со останатите и да оствари стабилни односи и врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар