Што по завршувањето на факултетот?

Крајот на последниот семестар полека се ближи. Наскоро позади вас ќе останат многу семинарски, есеи, професори, истражувања и полагања. Конечно ќе можете да кажете дека сте дипломирале. Но, што потоа? Од кога знаеме за себе сме опкружени со книги и професори и откако сè тоа ќе заврши, поголемиот број од луѓето почнуваат да се чувствуваат малку збунето и не знаат точно кој е следниот чекор во нивниот живот…

  • Да се запишам ли на постдипломски студии?
  • 16 години учев, можеби заслужувам една година одмор!?
  • Треба ли да почнам веднаш да барам работа?

Ова се само неколку од прашањата кои се вртат во мислите на оние кои се „свежо“ дипломирани. Кој е вистинскиот одговор? Погледнете ја оваа кратка листа на совети кои ќе ви помогнат да одлучите кој би можел да биде следниот чекор по вашето дипломирање.Што по завршувањето на факулетот?1. Идентификувајте ги вештините кои ги поседувате – Набрзо ќе почнете да аплицирате за работа, ако веќе и не сте почнале. Затоа многу е важно да ги познавате вашите способности и да знаете точно што можете да им понудите на различните организации, институции и фирми. Направете листа на вашите постигнувања, желби и интереси од најраното детство, па сè до денес. Во кое поле сте биле одлични од секогаш?

2. Одредете си дестинација – Ако не знаете каде сакате да одите, тешко дека ќе можете да го одберете патот кој ќе ве одведе до таму. Откако ќе ги идентификувате вашите вештини, направете листа на кариери во кои ќе можете да ги употребите. Не дозволувајте им на вашите таленти да пропаднат. Најдобро е доколку одлучите каде би сакале да бидете за 5 години од сега и полека да почнете да го реализирате вашиот план.

3. Поставете си цели – Целите се оние кои ќе ви помогнат да се движите напред. Погрижете се во вашите цели да опфатите повеќе аспекти од вашиот живот, не само за кариерата: вклучете ги и финансиите, фамилијата, домот, врските и останатите работи кои ви се многу важни…Што по завршувањето на факултетот?4. Преиспитајте се – Можеби ви успевало да се појавите на утринското предавање во 8 часот, мамурни од претходната вечер, но тоа нема да ви донесе многу поени на новата работа која сте ја започнале. Одредете ги вашите приоритети и пробајте да се придржувате до нив.

5. Организирајте ги финансиите – Веднаш по првата плата пробајте да стекнете навики за разумно трошење на парите. Секогаш трудете се да знаете точно што се случува со вашите пари и не дозволувајте уште во првата недела целосно да ги снема.

6. Никогаш не престанувајте со учење – Ова се однесува на сите аспекти од вашиот живот. Бидете во тек со новостите од вашето поле и кариера. Секогаш интересирајте се за повеќе и никогаш не престанувајте да прашувате. Доколку продолжите да учите, вашиот успех може да иде само нагоре…Што по завршувањето на факулетот?Имајте ги на ум овие неколку совети. Не мора веднаш да започнете со овој голем чекор во вашиот живот. Одморете се некое време, разговарајте со најблиските и размислете добро што очекувате од себе и каде се гледате за неколку години од денес…

Секако не заборавајте дека неуспехот е дел од животот – а вашата работа е никогаш да не се откажувате. Анализирајте го секој ваш потег и бидете отворени да ги согледате грешките кои ги правите, бидејќи само на тој начин можете да ги надминете. Исто така идејата да имате резервен план никако не може да ви наштети. Баш напротив, во одредени моменти може да биде совршен излез од лоша ситуација.

И за крај не заборавајте да уживате во животот. Хенри Дејвид Торо еднаш рекол: „Движете се со голема самодоверба во насока на вашите соништа. Живејте го животот којшто сте си го замислувале.“ Со среќа!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар