Правила за дами

Правила за дами

Зборот „дама“ за првпат се појавил пред 300 години и се користел како женски еквивалент на зборот „господин“. Денес овој збор сè поретко се употребува, а како негова замена многу почесто можеме да го слушнеме зборот „госпоѓица“ или „госпоѓа“.

За сите припаднички на „загрозениот“ вид на дамите и за сите оние кои сакаат да станат дел од него, ова се неколку правила кон кои треба да се придржуваат:

Правила за дами

1. Треба да знаеш колку кратко е прекратко, без разлика дали се работи за фризура, фустани или за мажи.

2. Светот е една голема модна писта. Затоа секогаш биди добро облечена и чекори самоуверено.

3. Твојот фустан треба да биде доволно тесен за да покаже дека си жена, но доволно широк за да покаже дека си дама.

4. Однесувај се како да имаш невидлива круна на главата.

5. Шминката не треба да ја прекрие, туку да ја истакне убавината.

6. Три збора кои ниедна дама не смее да ги заборави: мал црн фустан.

7. Постои само едно правило кога се работи за облека, накит, шминка и парфеми: помалку е повеќе!

8. Три броеви кои дамите никогаш не ги откриваат: бројот на години, бројот на килограми и бројот на долната облека.

9. Насмевката е најубавиот дел на твоето тело.

10. Сакај го своето тело! Тоа е единственото кое го имаш.

11. Тајната на убавината е во среќата.

12. Не е важно што мислат другите, сè додека си ти среќна.

13. Не очекувај другите да те сакаат и почитуваат, ако не се сакаш и почитуваш самата себе.

14. Грешките се неизбежни. Научи како да си простуваш себеси.

15. Не задоволувај се со ништо помалку од она што го заслужуваш.

16. Размисли пред да дејствуваш. Заработи пред да потрошиш. Почекај пред да критикуваш. Обиди се пред да се откажеш.

17. Чувај го оној кој ќе направи сè за да те насмее.

18. Убавината го привлекува погледот, но карактерот го заробува срцето.

19. Ако се двоумиш помеѓу две нешта, секогаш избери го второто. Да беше првото доволно добро, второто немаше да биде опција.

20. Не дозволувај грешките од минатото и стравот од иднината да ја расипат убавината на сегашноста.

21. Ако тој те напушти, тогаш тоа е негова загуба, не твоја.

22. Подобро е да бидеш сама, отколку да бидеш изневерена и непочитувана.

23. Ако некој ти каже дека го полудуваш, тоа значи дека правиш нешто или навистина добро или ужасно лошо.

24. Можеш истата грешка да ја направиш по вторпат, но тогаш тоа нема да биде грешка, туку твој личен избор.

25. Успехот е најдобрата одмазда!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.