11 показатели дека сте досадни на Твитер
Додека твитате, би било добро да ги избегнувате следните работи:

1. Барање до вашите следбеници да ви препорачаат добри ресторани, клубови, туристички агенции... А, зошто едноставно да не го прашате чичко Гугл за тоа? 🙂

2. Игнорирање на вашите следачи - Нормално е дека не треба да одговарате на навредите и на провокациите, но сигурно и дека не треба да ги занемарите добронамерните критики и шеги.

3. Твитање за храна - Никој, ама буквално никој не сака да знае што сте појадувале, ручале или вечерале (ова не важи за оние со блогови за храна или за готвачите).

4. Обидите на една „позната“ личност да се спријатели со друга преку Твитер - Ако сте заинтересирани за актуелните ангажмани на некоја личност од јавниот живот, едноставно следете ги нејзините твитови, како што тоа го прават сите останати.

5. Ретвитање на пофалбите за вас - Со тоа не изгледате скромно и љубезно, туку налудничаво.

6. Ретвитање навреди или критики

7. Твитање линкови без да потенцирате за што се работи, односно без да ставате каков било опис за нив

8. Непочитување на границата од 140 карактери - Ако толку ви се пишува, за тоа постојат блогови.

9. Ретвитање со цел подбивање со некои познати личности, одново и одново - Со тоа нема да направите тие да исчезнат од јавниот живот.

10. Прекумерна употреба на симболот #

11. Следите некого на Твитер, па се премислувате, па повторно го следите..., и така во недоглед.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
11 показатели дека немате оргинален контент.