Што е најпаметно да се јаде после вежбање?

За да не ви падне во вода целиот труд којшто го вложувате во вежбањето и топењето калории, после спортската активност морате нешто да јадете, но важно е и што ќе ставите во вашата чинија. Откако ќе се освежите со чаша вода или свежо цеден сок од портокал, најкасно 2 часа после тренингот нафрлете се на бананите, јаткастите плодови, сувото овошје или ананасот – препорачуваат стручњаците.

00-shto-e-najpametno-da-se-jade-posle-vezhbanje-www.kafepauza.mk_

Телото користи многу енергија во текот на вежбањето. Доколку најдоцна 60-120 минути после големиот физички напор не внесете храна во организмот, вашите мускули нема правилно да се регенерираат и целиот ваш труд ќе биде залуден, предупредуваат стручњаците.

И покрај тоа што многу мала количина од која било храна, консумирана 15 минути после тренингот ќе ги надомести основните потреби на организмот, сепак нутриционистите и фитнес-експертите издвојуваат неколку намирници, како особено корисни за телото.

Доколку убаво сте се испотиле, најпрво напијте се една чаша вода. Доколку тоа не е доволно за да ја изгасите вашата жед, свежо цедениот сок од портокал сигурно ќе ве освежи. Освен што ќе го снабдите телото со витамин Ц, ќе му го дадете и потребното ниво на калиум. Станува збор за важен електролит, кој му помага на организмот да го избалансира нивото на течности.

(2) shto e najpametno da se jade posle vezhbanje - www.kafepauza.mk

После напорната физичка активност, бананата со нејзините „добри“ јаглени хидрати ќе ги обнови резервите на гликоген, кој е задолжен за да ги „поправи“ изнемоштените мускули. Количеството на калиум кое го има во ова овошје, исто така не е за занемарување.

(3) shto e najpametno da se jade posle vezhbanje - www.kafepauza.mk

Сувото овошје и јаткастите плодови, се одличен избор доколку брзате. Еден грст, па дури и помала количина, брзо ќе го снабди телото со протеини и јаглени хидрати. Во предвид доаѓаат сите видови плодови: ореви, лешници, суво грозје, бадеми, индиски ореви, суви смокви, суви кајсии, аронија…

(4) shto e najpametno da se jade posle vezhbanje - www.kafepauza.mk

За оние кои сакаат да се ослободат до вишокот килограми, нутриционистите честопати го препорачуваат ананасот. Тајната на ова тропско овошје е ензимот бромелин, кој ги топи маснотиите, но одличен и е и за вежбачите, бидејќи е докажано дека одлично се бори против воспаление на мускули, модрици, истегнувања и отоци. Поради тоа, ова сласно жолто овошје богато со витамин Ц, е клучна компонента во процесот на регенерација на ткивата.

(5) shto e najpametno da se jade posle vezhbanje - www.kafepauza.mk

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар