Сакате да се чувствувате како ѕвезди? Следете ги следниве 6 совети!

Познатите личности понекогаш делуваат многу откачено! Тие прават работи што се непријатни, нерационални, опасни и бесмислени само затоа што можат. Лесно е да ги осудуваме, но кога би се нашле на нивно место најверојатно и ние понекогаш би си дозволиле такво непромислено однесување. Па, доколку сакате да се најдете во кожата на вашите омилени ѕвезди, почнете да ги следите следниве 6 правила…

Сакате да се чувствувате како ѕвезди? Следете ги следниве 6 совети!

1. Облечете нешто што не е за во јавност

Ќе ви откриеме една тајна за модниот свет. 80% од модата ја сочинуваат откачени парчиња облека за кои луѓето тврдат дека се модерни, а останатите 20% се парчиња облека кои се неверојатно скапи без особена причина. Тука спаѓаат градниците што се носат како маички, ремените што се носат како градници, чевлите направени од синтетички, проѕирни материјали и слично… Сите овие апсурдни модни трендови ги имаат поставено познати личности како што се Џиџи Хадид, Кајли Џенер и Канје Вест.

2. Јадете и пијте само едно нешто

И тоа, колку повеќе, толку подобро. Одберете го вашиот отров. Кое е вашето мало задоволство? Кафе? Пијте колку што сакате! Гума за џвакање? Џвакајте додека не ви испаднат забите! Чизбургер? Салата? Слободно претерајте со храната или пијалакот што ве прават среќни! Не заборавајте само да го документирате тоа со фотографии. Сѐ додека правите доволно селфиња, вишокот калории нема да можат да ви наштетат. И кога сме веќе кај фотографиите…

3. Постојано фотографирајте се

Ако нема фотографии, исто како да не се случило. Ако сакате да се чувствувате како ѕвезди, мора да размислувате како ѕвезда, а тоа значи дека мора да почнете да верувате дека целиот свет гледа само во вас. Најдете го најдоброто осветлување во вашиот дом и слободно изгубете контрола! Направете мистериозно селфи, секси селфи, нерасположено селфи, среќно селфи, искрено селфи или соберете ги вашите пријатели и направете фотографија каде што ќе изгледате како да сте најпопуларното друштво во градот. Споделувајте ги вашите Инстаграм приказни и бидете во центарот на вашиот универзум.

Сакате да се чувствувате како ѕвезди? Следете ги следниве 6 совети!

4. Носете очила за сонце на места каде што не се потребни

Ова е лесно, достапно и привремено. Ставете ги вашите најголеми очила за сонце и носете ги навечер, во затворен простор и на многу други јавни места. Зошто носите очила за сонце во затворено? Тоа не е ничија работа!

5. Вашиот љубовен живот нека остане мистерија

Имате љубовен живот? Супер. Понекогаш објавете фотографија со вашиот партнер, па направете пауза некое време. Дали сте сингл? Објавувајте фотографии со сите ваши познаници. Не заборавајте да ги прегрнете, да го допрете нивното колено или рака на фотографиите и готово! Новите гласини започнаа да се шират, а вашиот љубовен живот ќе биде исто толку интересен колку и на која било друга позната личност.

6. Создадете бизарна и неизводлива рутина за вежбање или исхрана

Знаете за кои рутини станува збор. Шолја чај пред да станете од спиење, витамини што ќе го претворат шеќерот во самопочит и самодоверба и слично. Ако вежбате помеѓу 3 и 5 часот наутро секој ден и јадете по 19 мали оброци пред зајдисонце, со сигурност ќе изгледате совршено за црвениот тепих. Одберете ја вашата рутина и држете се до неа најмалку 2 недели.

Многу е едноставно! Само претворете се во нешто што не сте и ќе почнете да се чувствувате како познати ѕвезди.

Во продолжение прочитајте како да бидете фотогенични како холивудските ѕвезди.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар