7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другата

Иако ова е ретка појава, сосема е можно нозете на човекот да бидат со различни должини. Често се случува луѓето да се родени така, но тоа да се открие дури кога ќе станат возрасни. Кај многу луѓе се случува овој проблем поради некоја несреќа. Понекогаш, едноставно се случува и без некоја особена причина.

Ги споделуваме со вас сите познати причини зошто едната нога може да биде пократка од другата:

1. Повреда на коските

7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другата

Скршената нога може да зарасне во различна насока, особено ако се скрши на повеќе места или ако има повреда на мускулното ткиво. Она што е интересно е тоа што кршењето коска не секогаш прави коската да порасне доволно, па има моменти кога во процесот на заздравување коската расте невообичаено подолга.

2. Спортски повреди

7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другата

Децата се изложени на ризик преку занимавање со спорт да го променат растот на екстремитетите, бидејќи нивните коски зацврстуваат дури откако ќе постигнат одредена зрелост. Спортот со повеќе играчи, како фудбалот и ракометот, како и едноставните игри за рекреација, како возењето скејтборд и скијањето, се посебно ризични.

3. Преголема употреба на екстремитетите

7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другата

Кога спортувате, претераното користење на рацете и нозете може да предизвикаат хроничен стрес на екстремитетите. Преголемата употреба на рацете може да одредени здравствени последици како и издолжување на некој од екстремитетите. Запомнете, спортот не е воопшто лош, само избегнувајте да ги преморувате рацете и нозете.

4. Несреќи

7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другата

Општите несреќи, како пад или судир, можат да влијаат на коските на различни начини, а траумата особено може да му наштети на растот на коските кај децата. Несреќата, исто така, може да му наштети и на ‘рбетниот мозок, што може да доведе до сериозно оштетување на коските.

5. Ризични активности

7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другата

Многу вообичаени активности во детството, дури и нештата како скокање на трамболина, можат да бидат поризични отколку што луѓето мислат. Овие игри се познати по тоа што предизвикуваат падови, фрактури, па дури и сериозни повреди на ‘рбетот. Секогаш бидете сигурни дека активностите на вашите деца се безбедни.

6. Неправилно држење на телото

7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другата

Можеби сте слушнале дека неправилното држење на телото може да предизвика нееднаквост на нозете, но тоа не е целосно точно. Неправилното држење може да предизвика само постурална сколиоза, која всушност не ги деформира коските кај човекот и е целосно реверзибилна состојба која се порава со соодветен тренинг и вежбање.

7. Болести

7 причини зошто едната нога може да стане пократка од другата

Постојат многу состојби и заболувања кои влијаат на начинот на кој растат коските, како што се туморите кои се појавуваат на коските. Може да се случи и заболувања кои влијаат на нервниот систем да го променат растот на коските.

Можеби сакате да прочитате и кога вежбањето има поголема штета отколку корист?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар