10 фотографски трикови за сите љубовни парови: Бидете фотогенични како холивудските ѕвезди

Зошто филмските ѕвезди изгледаат одлично на фотографиите без оглед на тоа која поза ќе ја заземат? Одговорот е едноставен: Тие знаат неколку мали тајни што им помагаат да ги нагласат нивните најсилни адути и да ги скријат недостатоците што не сакаат да ги видиме. Дали обожавате да се фотографирате со вашиот партнер, но ретко кога успевате да излезете убаво на фотографиите? Доколку одговоривте потврдно, прочитајте кои се најчестите грешки што ги правите и како да ги одбегнете за вашите фотографии да изгледаат прекрасно и професионално…

1. Класична поза: Прегратка

10 фотографски трикови за сите љубовни парови: Бидете фотогенични како холивудските ѕвезди

Обидете се да не се покривате еден со друг со рацете, бидејќи тоа ги нагласува рацете, а не вашиот изглед во целост. Сосема малку свртете го телото кон фотоапаратот, обрнете внимание на вашето држење и не спуштајте ја главата премногу.

2. Полу свртени еден кон друг

10 фотографски трикови за сите љубовни парови: Бидете фотогенични како холивудските ѕвезди

Подигнатата рака ќе направи вашите рамена и рака да изгледаат поголеми. Исто така, оваа поставеност ќе направи да делувате покрупни одошто сте. Наместо тоа, спуштете ги рацете и свиткајте ги малку. Така ќе изгледате поелегантно и поситно.

3. Го држите партнерот под рака

10 фотографски трикови за сите љубовни парови: Бидете фотогенични како холивудските ѕвезди

Девојката на фотографијата од лево изгледа како да паѓа бидејќи целосно се потпира и држи за партнерот. Освен тоа, оваа поза прави и двајцата да делуваат премногу опуштено. Но, доколку еден од партнерите застане зад другиот, фотографијата ќе биде многу поуспешна.

4. Се потпирате на рамото

10 фотографски трикови за сите љубовни парови: Бидете фотогенични како холивудските ѕвезди

Подобро е да не ја ставате главата на рамото на вашиот партнер, бидејќи поради разликата во висината ќе изгледате смешно. Наместо тоа, застанете малку зад него и потпрете се сосема малку на неговото рамо. Заземете добра поза и не го притискајте лицето до него. Така ќе изгледате поубави и послаби.

5. Полу свртени на страна со десното рамо напред

10 фотографски трикови за сите љубовни парови: Бидете фотогенични како холивудските ѕвезди

Како што веќе спомнавме претходно, одбегнувајте да го покривате партнерот со рацете. Силната прегратка може да остави впечаток дека го давите партнерот. Подобро е благо да се свртите кон фотоапаратот, со исправени рамена и нежно да ја прегрнете саканата.

6. Како да позирате додека седите

10 фотографски трикови за сите љубовни парови: Бидете фотогенични како холивудските ѕвезди

Кога го прегрнувате партнерот додека се фотографирате, треба да внимавате да не изгледа како да паѓате на него со целото ваше тело. Исто така, не ги ставајте целосно рацете на неговите рамена. Наместо тоа, застанете зад вашиот партнер и потпрете се сосема малку на него. Нежно ставете ги рацете на неговите рамена без да ги доближувате.

7. Полу прегратка со бакнеж

10 фотографски трикови за сите љубовни парови: Бидете фотогенични како холивудските ѕвезди

Позата во која мажот ја бакнува девојката во чело треба да се одбегнува, бидејќи најчесто девојката го „закопува“ лицето во неговата кошула. Поуспешна фотографија би направиле доколку ја бакнете партнерката во слепоочникот.

8. Полу прегратка свртена кон фотоапаратот

10 фотографски трикови за сите љубовни парови: Бидете фотогенични како холивудските ѕвезди

Не се потпирајте со главите, бидејќи така ќе изгледате како да сте физички поврзани. Рамената треба да ви бидат исправени и благо свртени кон фотоапаратот.

9. Мал бакнеж

10 фотографски трикови за сите љубовни парови: Бидете фотогенични како холивудските ѕвезди

Идеалниот момент за оваа фотографија е една секунда пред да се случи бакнежот. Самиот бакнеж не излегува добро на фотографии, бидејќи најчесто изгледа како носовите на партнерите да се згмечени. Во најлош можен случај, изгледа како да си ги јадат лицата.

10. Уште една поза со прегратка

10 фотографски трикови за сите љубовни парови: Бидете фотогенични како холивудските ѕвезди

Не претерувајте кога го прегрнувате партнерот на фотографии, бидејќи можно е да излезете како некоја фигура со чуден облик. За да биде фотографијата успешна, партнерот треба малку да ја повлече девојката кон него и да ја бакне во образот. Никако не заборавајте на вашето држење!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар