Рецепт за зголемување на продуктивноста за само една недела

Колку често добивате напад на паника само штом ќе погледнете во листата со работи кои треба да ги направите? Да, зафатеноста е најважна работа во светот и луѓето кои имаат обврски се активни и продуктивни. Но дали сте се соочиле со потешкотии во извршувањето на задачите? Дали често чувствувате дека не можете да постигнете сè и дека она што се бара од вас е едноставно премногу?

Рецепт за зголемување на продуктивноста за само една недела

Како најчесто ви започнува денот? На пример, се будите по само неколку часа сон (бидејќи сте останале до доцна да гледате филм или несвесно сте поминале неколку часа на социјалните мрежи), веднаш ја проверувате електронската пошта или вклучувате ТВ, се спремате многу брзо, целосно го прескокнувате појадокот или купувате нешто по пат, најверојатно нешто што не е задоволителен и здрав појадок, и додека стигнете до вашето работно место веќе се чувствувате изморени и безволни. Дали е вистинско време еднаш засекогаш да прекинете со оваа нездрава навика?

Во продолжение следува рецепт со кој загарантирано ќе ја зголемите вашата продуктивност и тоа за само една недела. Не се откажувајте, дозволете оваа нова утринска рутина да ви стане навика и самите ќе ги забележите промените во резултатите и бројот на завршените задачи.

Рецепт за зголемување на продуктивноста за само една недела

Подготовка:

  • Нема телевизија/радио/компјутер после 21 часот
  • Пред легнување запишете ги оние мисли и интересни идеи кои ви доаѓаат на ум
  • Не посегнувајте по телефонот веднаш штом ќе ги отворите очите наутро
  • Не го вклучувајте телевизорот или компјутерот веднаш штом ќе се разбудите
  • Колку и да ви звучи тешко или невозможно, битна е вашата желба да издржите со оваа рутина во нареднава една недела

Од што се состои „рецептот“?

1. Во 21 часот, напијте се чаша млеко или вода и направете мала закуска (овошје, зеленчук или шака ореви).

2. Заминете на спиење пред 22 часот.

3. Наместете го алармот за во 6 часот (заборавете на опцијата за „дремка“ од 5 или 10 минути).

4. Во никој случај не посегнувајте веднаш по вашиот компјутер/телевизор/мобилен.

5. По будењето, дајте си 5-10 минути време и само вдишувајте и издишувајте длабоко.

Рецепт за зголемување на продуктивноста за само една недела

6. Во првиот половина час по будењето појадувајте нешто лесно.

7. Доколку имате можност, организирајте го вашето време така што ќе одвоите 15-20 минути време за лесни вежби за раздвижување.

8. Во вашиот нотес запишете ги трите најважни работи кои треба да ги завршите во текот на денот (не претерувајте со листата, запишете ги само трите најважни).

9. Имате само 3 минути да проверите мејл.

10. Сега сте подготвени за новиот работен ден.

Рецепт за зголемување на продуктивноста за само една недела

Важно!

Со ваквата рутина им кажувате на телото и на духот дека со повеќе сон ќе имате повеќе енергија и волја за извршување на обврските, а воедно и подобро здравје. Колку и да ви звучи страшно тоа што ќе мора да си легнувате рано и да станувате дури и порано од предвиденото, бидејќи така ви налага рутината, треба да сфатите колку ја зголемувате вашата продуктивност. Половина час излежување во кревет наутро или „висење“ пред компјутер е далеку полоша варијанта од раздвижување на телото и умот и воспоставување здрава навика. Кога тргнувате од дома знаејќи ги вашите цели и задачи за денот и фокусирајќи се на истите, вие буквално се движите кон нивно остварување со многу помал притисок.

Мислите дека никогаш нема да успеете да воспоставите една ваква навика во вашиот живот? Се двоумите дали навистина нешто ќе се промени? Ваше е да пробате и да утврдите самите. Ја имате целата наредна недела да проверите дали овој рецепт за поголема продуктивност позитивно ќе влијае на вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар