Рецепт за слатки шарени кифлички кои ќе ги обожавате

Кога немате идеја со што да се засладите, направете слатки шарени кифлички – брзо се прават, не чинат многу, убаво изгледаат и многу се вкусни!

1-recept-za-slatki-shareni-kiflichki-koi-kje-gi-obozhavate-kafepauza.mk

Потребни состојки:
За кифличките:
  • 500 г брашно
  • 200 мл масло
  • 200 мл млеко
  • 1 квасец
  • 1 прашок за печиво
  • Малку сол
  • 3 слупени лажици какао
За преливот:
  • 200 мл вода
  • 400 г шеќер
Начин на подготовка:

2-recept-za-slatki-shareni-kiflichki-koi-kje-gi-obozhavate-kafepauza.mk

  1. Измешајте ги сите состојки за кифличките, освен какаото.
  2. Тестото поделете го на два еднакви дела и во едната додадете го какаото.
  3. Добиените две теста измесете ги поединечно, па потоа растегнете ги со сукало и обликувајте ги во вид на правоаголници, како кога правите ролат. Така формираните две теста потоа исечете ги на по 6 еднакви делови. Нив рассукајте ги во вид на палачинки.
  4. Наредете ги така формираните теста едно врз друго во комбинација од по две различни теста. Ако сакате да направите 2 вида шари, за половина од кифличките кафеавото тесто нека ви дојде одозгора, а белото одоздола, а за другата половина обратно.
  5. Така поставените теста исечете ги на 12 еднакви делови. Потоа секој пар триаголничиња замотајте го во кифличка.
  6. Кифлите печете ги додека не поруменат.
  7. За да го подготвите преливот, зовријте вода и шеќер и натопете ги кифличките додека се жешки.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар