Рецепт за чоколаден колач: Потребни ви се само 45 минути!

Рецепт за чоколаден колач: Потребни ви се само 45 минути!

Денес ви предлагаме едноставен, но вкусен рецепт за чоколадна торта за чија подготовка ќе ви бидат потребни само 45 минути!

Рецепт за чоколаден колач: Потребни ви се само 45 минути!

Потребни состојки:

  • 125 грама брашно
  • 200 грама шеќер
  • 22 грама какао
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка прашок за пециво
  • ¼ лажичка сол
  • 1 големо јајце
  • 110 милилитри масло
  • 120 милилитри матеница
  • 125 милилитри топла вода

Начин на подготовка:

1. Ставете хартија за печење или алуминиумска фолија врз кружниот калап за печење и загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

2. Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, какаото, сода бикарбона, солта и прашокот за пециво. Додадете ги маслото, јајцето и матеницата и убаво изматете. Додадете топла вода и мешајте сè додека смесата не стане еднолична. Истурете ја смесата во садот за печење.

3. Печете околу 25 до 30 минути. Можете да ја премачкате тортата со чоколадна глазура или да ја посипете со какао.

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусен десерт без печење и без шеќер.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар