Здраво, слатко задоволство: Торта со какао и путер од кикиритки

Здраво, слатко задоволство: Торта со какао и путер од кикиритки

Одамна е познато дека слатките може да бидат и здрави и вкусни.


Здраво, слатко задоволство: Торта со какао и путер од кикиритки

Потребни состојки:

За кората: ⁣

  • 200 грама урми
  • 80 грама бадеми
  • 2 лажици кокосово масло⁣
  • 1 лажичка арома на ванила⁣

За филот:

  • 250 грама семки од сончоглед, натопени во вода преку ноќ или барем 4 часа претходно
  • 130 грама стопено масло од кокос
  • 400 мл масно млеко од кокос
  • сок од 1 лимон⁣
  • 6 лажици мед
  • 2 лажици органско какао
  • 2 лажици путер од кикиритки

Начин на подготовка:

1. Измелете ги бадемите, потоа додајте ги урмите и мелете додека не добиете смеса за кора (не треба да биде како каша, може да има парчиња урми и бадеми). Додајте ги кокосовото масло и аромата на ванила и мелете уште малку.

2. Ставете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и притиснете ја добро.

3. Измешајте ги состојките за фил во бледнер, освен какаото и путерот од кикиритки и мешајте додека не добиете хомогена смеса.⁣

4. Поделете го филот на два дела и додајте го какаото во едниот дел, а путерот од кикиритки во другиот и добро измешајте ги двете смеси во блендер.

5. Прелијте ја кората со филот со какао и распределете ја рамномерно, па ставете ја да стои еден час во фрижидер.⁣

6. По еден час, нанесете го филот со путер од кикиритки и вратете ја тортата да стои во фрижидер уште еден час.

7. За тортата да се зацврсти, најдобро е да ја оставите во замрзнувач или во фрижидер уште 2-3 часа во текот на ноќта.⁣

8. За декорација, растопете црно чоколадо со малку масло, прелијте го колачот и посипете со сечкани бадеми.

Погледнете го овој рецепт за колач што ќе ви помогне да ослабите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар