Преголемиот фокус кон себе може да доведе до појава на депресија

Самосвесноста игра огромна улога во нашата среќа, но мора да бидеме внимателни да не се фокусираме премногу на себе – до точка кога би почнале да ја мешаме самосвесноста со самосожалувањето.Преголемиот фокус кон себе може да доведе до појава на депресијаСамосвесноста е некритичка форма на самоанализа која е во потрага по подобро себеразбирање. Самосожалувањето е критичка форма на самоанализа која е во потрага по хранење и заштитување на вашето его. И двете се видови рефлексија, но доаѓаат од многу различни перспективи.

Кога вашата самоанализа доаѓа од самосожалување, таа може да се претвори во негативна карактеристика – зависно и претерано размислување за себе кое може да доведе до депресија, фрустрација, лутина и апатија. Доколку сакате да бидете посреќни во животот, обрнете малку внимание и на туѓата среќа. Депресивните луѓе честопати многу размислуваат за негативните нешта насочени кон себе:

  • „Колку лоши нешта ми се случуваат МЕНЕ“.
  • „Има толку луѓе кои не ме сакаат МЕНЕ“.
  • „Гледај колку работи направив и пак ЈАС не го добив тоа што го сакав.“
  • „Гледај колку работи ЈАС направив погрешно“.

Колку често забележувате вакви изјави во вашите разговори со себе или со вашите најблиски? Доколку веќе сте имале искуство со анксиозност или депресија, мора да станете многу посвесни за овој вид размислување.

Една нова интересна студија спроведена од психолози и објавена во „Journal of Research in Personality“ се состои од 60 до 90-минутни тераписки сесии кои укажуваат на фактот дека индивидуите кои употребуваат повеќе заменки во еднина како „јас“ или „мене“ всушност се многу поподложни на депресија. Овој вид нездраво самосожалување како да ни открива некоја внатрешна битка за пронаоѓање удобност, самодоверба и сигурност.

Една студија открила дека претераната употреба на „јас“ и „мене“ може да доведе до незадоволство во врската или бракот, а друга студија покажала дека тоа исто така е поврзано и со појава на поголема социјална анксиозност. Често негативното размислување настанува како резултат од претераното живеење во „нашите глави“ каде што се фокусираме само на она што нам ни треба или што ние го сакаме и не обрнуваме доволно внимание на надворешниот свет и на поголемата слика во животот.

Истите овие студии откриле дека замената на „јас“ со „ние“ и на „мене“ со „нас“ често помага при формирање на нова смисла на социјалното поврзување, која ни помага да се почувствуваме дека не секогаш сме сами во нашите битки и дека сите имаме нешто заедничко, а тоа е потрагата по среќа.

Препознавањето на оваа универзалност во нашата човекова природа може да ни помогне во борбата против депресијата, бидејќи на тој начин нема да ја сфаќаме како нешто специфично само за нас. Тоа е нешто со што, до некој степен, секој од нас постојано се бори.

Кога му пристапувате на животот со перспективата „ние“ не само што ќе го направите вашиот живот посреќен и позначаен, туку и ќе се мотивирате и инспирирате себеси за многу поголеми нешта. Вашата цел е да бидете најдобри што можете – но не само вие да се подобрите, туку и да подобрите нешто многу поголемо од вас. А тоа размислување е многу моќно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар