10 трикови кои ќе ви помогнат во пишувањето книга која вреди да се прочита

10 трикови кои ќе ви помогнат во пишувањето книга која вреди да се прочита

Секој може да напише книга. Доволни ни се идеја која знаеме во која насока сакаме да ја развиеме и молив и лист (или компјутер) со чија помош ќе ја преточиме идејата во зборови. Имагинацијата и желбата за пишување може да нè одведат на места на кои не сме ни сонувале да заминеме, а тоа е и убавината во пишувањето – нè тера да сфатиме каде и кога сакаме да бидеме.

(2)-10-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-vo-pishuvanjeto-kniga-koja-vredi-da-se-prochita-kafepauza.mk

Но како и за сè друго, така и при пишувањето книга потребни ни се неколку мали трикови кои ќе ни ја олеснат работата. Следниве 10 добро си ја вршат задачата досега.

1. Пишувајте помалку, не повеќе

Недостатокот зборови не е никогаш проблем наспроти неспособноста да препознаеме кога е време да престанеме со опишување. Затоа најпаметно е да ја напишете основата, а потоа додавајте и проширувајте каде што сметате дека има простор за тоа.

2. Одберете област и книги со кои ќе се натпреварувате

Ако знаете за што сакате да пишувате, тогаш знаете во која област припаѓа вашата книга и кои книги ќе ви бидат конкуренција. Потребно е да знаете со кои книги и автори ќе се натпреварува вашата книга поради улогата на фокусот кој е неопходен во вашето пишување. Кога знаете во која насока и со која цел пишувате, ќе оди многу полесно.

3. Тестирајте го напишано

Секоја нова напишана глава прочитајте им ја на група луѓе и видете како ќе реагираат на неа. Тоа може да биде и само мал извадок со цел да видите дали на публиката ѝ се допаѓа. Повратната реакција е од витална важност, па на база на неа можете да продолжите со пишување или нешто да промените.

(1)-10-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-vo-pishuvanjeto-kniga-koja-vredi-da-se-prochita-kafepauza.mk

4. Потребен ви е уредник и тоа што побрзо

Потребно ви е професионално мислење кое што побрзо го добиете, тоа подобро. Ви треба да знаете реално до каде сте, во која насока е пожелно да се движите, што ви фали или што имате и повеќе од доволно. Секој уредник функционира на свој начин, па убаво е да најдете некој со кој можете да работите заедно.

5. Најдете си коавтор

Најдобриот начин да станете одличен писател е да читате. Читањето и тоа што повеќе е единствениот начин на кој можете да ги проширите видиците и да дознаете нешта кои можеби ќе ви притребаат, а моментот кога ќе почнете да пишувате сфаќате колку малку всушност имате прочитано. Коавторот е од голема помош тука бидејќи може да чита и истражува за вас и потоа да ви пренесува и асистира во пишувањето.

6. Не зборувајте предвреме

Кога нешто се рекламира и за нешто се зборува многу, тогаш тоа нешто се очекува доста брзо и да биде многу квалитетно. Исто е и со книгата. Народот не сака многу да чека, па кога ја најавувате вашата книга многу долго, ќе се очекува од вас да биде брзо напишана и да биде одлична. Заштедете си себеси време и нерви и оставете си го просторот кој ви е потребен за книгата да биде напишана како што треба.

(3)-10-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-vo-pishuvanjeto-kniga-koja-vredi-da-se-prochita-kafepauza.mk

7. Бидете книгата

Книгата ќе биде многу повеќе читана и препорачувана ако луѓето веруваат дека преку неа дознаваат нешто повеќе за вас како автор. Бидете книгата, внесете се себеси во неа, пишувајте го она кое го чувствувате.

8. Корицата е многу важна

Факт е дека она што прво ги привлекува читателите е корицата на книгата. Навистина ретко, доколку не знаат што точно бараат, читателите ќе се фатат за книга со досадна корица. Едноставно, но впечатливо и примамливо. И никогаш само тоа што доликува на насловот и напишаното.

9. Не брзајте со бирање на издавач

Ако вашата книга е добра, тогаш секоја издавачка куќа ќе ја сака. Но немојте да избрзувате и да го изберете првиот издавач само бидејќи звучи како добра понуда. Разгледајте си ги можностите и одлучете помеѓу оние опции кои се најмногу во ваша полза.

10. Не бидете пресериозни

Ако ги земате и сфаќате работите пресериозно, тогаш никогаш нема да завршите со пишувањето. Во сѐ ќе ја барате и најмалата работа која ви пречи и ќе менувате и преправате одново и одново. Опуштете се и уживајте повеќе во целината отколку во секој детаљ. Не се преиспитувајте постојано. Па тоа е само книга на крајот на краиштата.

(4)-10-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-vo-pishuvanjeto-kniga-koja-vredi-da-se-prochita-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар