5 причини зошто не треба да бидете на диета заедно со вашиот партнер

5 причини зошто не треба да бидете на диета заедно со вашиот партнер

Сте решиле со вашето момче да започнете со поздрав режим на исхрана и да вежбате со цел да го подобрите вашето здравје, но и да ослабите? Да ве предупредиме уште во старт, оваа идеја ќе се претвори во натпревар во кој вие сигурно ќе изгубите. Прочитајте за што станува збор…

5 причини зошто не треба да бидете на истата диета со вашиот партнер

1. Тој ќе изгуби килограми побрзо од вас

Доколку ни двајцата не мамите и ја следите програма на диетата во чекор, тогаш големи се шансите дека тој ќе ве победи и разочара со своето постигнување во областа на намалувањето на телесната тежина.

2. Тој може да внесува повеќе калории од вас и повторно да губи од тежината

Вие ќе почнете да се нервирате затоа што вашите оброци се помали од неговите, но сепак тој интензивно губи килограми, а вие или стоите во место или имате многу побавно слабеење.

3. Тој може да си дозволи и брза храна неколку пати во неделата и пак да слабее

Петок е, а тој сака пица. Ова би можело да биде во ред за него, но вам пицата може да ви го избрише трудот од целата недела претходно.

4. Вие ќе бидете навистина среќни за него, но многу тажни за себе

Ќе почнете да се чувствувате слабо, а него ќе го доживувате помоќно. Ова ќе ве одведе на емоционална луда железница која ќе ве натера да изедете цел тон сладолед, вклучувајќи ја и самата кутија во која се наоѓал.

5. Ќе се обвинувате себеси бидејќи не можете да го следите (но, не е ваша вина!)

Што не е во ред со мене? Како е можно двајцата да сме на истата диета, а тој да слабее толку побрзо од мене? Одговорот е едноставен. Вашето тело се обидува да задржи дел од тежината со цел да може да носи друг човечки живот.

Секое тело има свои уникатни граници, па токму затоа почитувајте ги вашите и фокусирајте се на сите оние нешта кои влијаат позитивно врз вас од вашиот нов и здрав начин на живот. Не заборавајте, диетата не е натпревар!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар