Посна трпеза за Бадник: 3 необични рецепти за подготовка на риба

На Бадниковата вечер, неизоставен дел од свечената трпеза е и рибата. За да ги изненадите и да ги задоволите членовите на вашето семејство, денес ви прикажуваме 3 нови рецепти за подготовка на шкарпина, лосос и ослич. Погледнете ги во продолжение и инспирирајте се за вашите подготовки за оваа вечер.

Рецепт за морски пајак со вино

Посна трпеза за Бадник: 3 необични рецепти за подготовка на риба

Потребни состојки:
  • 1 килограм морски пајак
  • Лимон
  • 100 милилитри маслиново масло
  • 200 милилитри бело вино
  • 500 милилитри вода
  • 3 чешниња лук
  • Сол по ваш вкус
  • Ловоров лист
  • Рузмарин
  • 1 килограм компири
Начин на подготовка:

1. Исчистете ја рибата, измијте ја и врз неа исцедете лимонов сок, па оставете ја да отстои најмалку половина час, а потоа малку посолете.

2. Во тавче или огноотпорен сад ставете малку масло и ставете ја подготвената риба и компирот исечен на поголеми парчиња. Печете во претходно загреана рерна на 220 степени.

3. Подгответе го сосот: Во сад ставете маслиново масло, вино, вода, лук, ловоров лист и рузмарин. Сите варете ги, а кога рибата и компирот ќе бидат половина испечени, прелијте ги и оставете ги уште половина час во рерната на 220 степени.

Подготовка на лосос во сос со шафран

Посна трпеза за Бадник: 3 необични рецепти за подготовка на риба

Потребни состојки:
  • 4 филети лосос
  • 2 моркови
  • 2,5 децилитри немасна павлака за готвење
  • Малку шафран
  • Малку темјан или рузмарин
  • Сол и бибер
Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 220 степени, исчистете ги морковите и исечете ги на тенки тркалца.

2. Во павлаката додајте шафран и темјан.

3. Подмачкајте го садот, ставете ги морковите на филетите лосос, па потоа додајте им сол и бибер по ваш вкус, а врз сето ова прелијте со зачинетата павлака и ставете во рерна.

4. Печете околу 15-тина минути. Најдобро е да сервирате со варен зеленчук по ваша желба.

Подготовка на сицилијански ослич

Посна трпеза за Бадник: 3 необични рецепти за подготовка на риба

Потребни состојки:
  • 1 килограм ослич
  • 1 глава кромид
  • Сол
  • Зачин од билки
  • Бибер
  • Масло
  • Бело вино
Начин на подготовка:

1. Смрзнатата риба исчистете ја и исечете ја на парчиња.

2. Испржете го кромидот на малку масло, па одозгора ставете ги парчињата риба, додајте сол, други зачини по ваша желба, масло и околу 200 милилитри вино.

3. Печете на 200 степени околу 40 минути.

Уживајте во вечерата со вашите најблиски!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар