Што се крие зад насмевката на оние девојки кои постојано се смеат?

Што се крие зад насмевката на оние девојки кои постојано се смеат?

Кога вие сте девојката која постојано се смее, луѓето не се грижат да ве прашат како сте, затоа што претпоставуваат дека сте добро, гледајќи ја вашата насмевка која постојано ги залажува. Но, тие не знаат дека понекогаш насмевката е единствениот начин за да ја сокриете болката и да покажете дека не сте скршени однатре.

Што се крие зад насмевката на оние девојки кои постојано се смеат?

Кога ве гледаат постојано насмеани, луѓето мислат дека вие не чувствувате ништо, дека секогаш сте спремни да им простите и да ги заборавите повредите кои ви се нанесени. Но, тие не знаат дека до вас допира речиси сѐ, дури и бесмислените шеги во некои ситуации може да ве повредат. Луѓето не знаат дека вашата насмевка всушност е знак на вашата чувствителност и ранливост која се обидувате да ја сокриете.

Иако постојано се смеете, останатите не знаат дека зад вашата насмевка тече река од солзи, болни приказни и болни спомени. Луѓето мислат дека вие постојано ја имате таа насмевка на себе, дека постојано сте позитивни, расположени и храбри, но тие не доаѓаат со вас во вашиот дом, во вашата соба и да ја видат вашата чувствителност. Тие не се внатре во вашето тело за да знаат со каква борба се соочувате секојдневно, но сепак, останувате на нозе и утрешниот ден повторно излегувате со насмевка, затоа што знаете дека животот е борба, а она што ви останува вам е да стоите цврсто на вашите нозе и со смелост да ги прифатите животните предизвици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар