Откријте ги тајните за убавина на жените ширум светот

Постојаниот копнеж на секоја жена е да биде што е можно поубава. Во зависност од делот на светот и климатските услови кои владеат таму, жените се служат со разни трикови кои се целосно природни, а им помагаат на доста едноставен начин да ја негуваат својата убавина. Дознајте некои корисни совети и трикови за убавина од жените ширум светот.

1-tajnite-na-zhenskata-ubavina-otkrijte-gi-tajnite-za-nega-na-zhenite-shirum-svetot-www.kafepaza.mk_

Египет – Земјата на античката козметика

Египќанките, но и Египќаните, користеле козметика уште во времето на фараоните. Козметичките средства и шминка не ги употребувале само за разубавување, туку тие биле задолжителен дел и во ритуалите и во обредите. А, особено внимание посветувале на убавината и шминкањето на очите. Освен тоа, шминката имала и заштитна улога – ја штитела кожата и очите од пустинската прашина и сонце, од правот и можните инфекции.

Египетските вештини за разубавување го достигнале врвот во 1 век п.н.е. благодарение на славната египетска владарка Клеопатра. Многу рецепти за нега на лице и тело кои биле создадени во нејзината доба се употребуваат и ден денес ширум светот. Во создавањето на козметичките препарати често се користат бадеми, мед и млеко. Омилените миризби на Египќанките биле и останале миризбите на јасмин и ружа.

Индија – Со масажа до убавина

Основниот принцип на ајурведата, традиционалното индиско учење за здравјето и животот кое настанало пред 5.000 години, е дека човекот е здрав доколку воспоставил складност помеѓу душата и телото. Ова учење и денес е општо прифатено во Индија. Индијките ја кријат тајната на својата убавина во неколку капки масло и добра масажа. Благодарение на тоа, жените од оваа земја се светски познати по отпуштеноста, како и по благиот и урамнотежен изглед.

2-tajnite-na-zhenskata-ubavina-otkrijte-gi-tajnite-za-nega-na-zhenite-shirum-svetot-www.kafepaza.mk_

Јапонија – Масажа со пешкир за подобра циркулација и розова кожа

Жените од Јапонија се специфични по снежно белата кожа, мазна како порцелан. За чистење на кожата, Јапонките најчесто користат пилинг од ориз. Мелениот ориз од кожата ги отстранува мртвите клетки, додека маслото од оризовите никулци врши хидратација на кожата.

За да ја освежат кожата и да го стимулираат протокот на крв, Јапонките се служат со масажа со помош на пешкир. Земаат голем фротирски пешкир, го замотуваат и цврсто го држат на краевите, па со него провлекуваат низ стапалата, листовите и грбот. Масажата трае околу десетина минути и делува доста освежувачки за целиот организам, а кожата добива убава розова боја.

Тајланд – Бисерни школки против инфекција на кожата

Тајланд е земја позната по доста топлата и влажна клима, но и по преубавите девојки со таинствена насмевка, чија кожа секогаш изгледа неверојатно свежо и покрај високите температури и високата влажност на воздухот која просечно изнесува повеќе од 90%. Која е нивната тајна?

Непосредно после секое туширање тие целото свое тело го посипуваат со пудра, а за лицето употребуваат посебна пудра со ментол кој ја лади кожата и ја одржува нејзината свежина во текот на целиот ден. За лекување на акните и мозолчињата, за дезинфекција и смирување на иритираната кожа, Талјанките користат креми од бисерни школки кои содржат висока концентрација на витамин А.

Мароко – Благотворната земја на Бербери

Припадниците на мароканскиот народ Бербери за нега на кожата и косата користат земја од вулканско потекло, стара стотина милиони години. Вулканската земја од Мароко ги чисти најдлабоките слоеви на кожата и истовремено ја храни со минерали. Притоа, на кожата не предизвикува никакви хемиски реакции.

Таа земја обилува со минерали кои имаат хидратантни својства, а содржи и микроскопски честички на сапун кои нежно ја чистат кожата. Со подолга употреба дури може да ги отстранат и ситните набори на кожата. Мароканките од неа најчесто приготвуваат маски за чистење на лицето, како и шампони за миење и нега на мрсната коса.

3=tajnite-na-zhenskata-ubavina-otkrijte-gi-tajnite-za-nega-na-zhenite-shirum-svetot-www.kafepaza.mk_

Мексико – Пустинска јојоба за густа, црна коса

Мексиканките се препознатливи по густата, црна и сјајна коса. Тајната на нивната бујна црна коса треба да се бара во маслото од билката јојоба која расте во пустините во Мексико. Ова необична билка добро ги поднесува дури и температурите повисоки од 50 степени, а притоа воопшто не ѝ е потребна вода. Всушност, благодарение на восокот со кој е прикриена целата површина на билката, влагата од неа не може да испари, па таа подолг период ја чува водата која ја собира во текот на ретките дождливи денови.

Индијците ја користеле јојобата од која собирале лековита маст. Денес, во козметиката се користи маслото кое се добива од семките на оваа билка, и кое повеќе потсетува на восок. Нанесено на кожата или косата, маслото од јојоба создава слој на површината кој има заштитничка функција, па така косата останува густа и сјајна, а кожата нежна.

Бразил – Мате чај за витка линија

Кај луѓето кои го пијат, мате чајот го намалува чувството на глад, делува стимулативно и смирувачки. Заради таквите својства, овој чај е познат и под името „зелено злато“. Исто така, тој е совршено дополнително средство кај сите диети. Научните истражувања утврдиле дека оние кои во текот на диетата пијат и мате чај имаат за 25% поголеми шанси да добијат витка линија од оние кои држат обична диета.

Мате билката има потекло од Јужна Америка, каде што расте како стебло кое достигнува висина и до 15 метри. Се одгледува и на плантажите во облик на трски. Занимливо е тоа што чајот не се подготвува со врела вода, како што е случајот со другите чаеви, туку се прелива со млака или потполно ладна вода.

Секоја жена, без разлика од каде доаѓа, е убава и уникатна на свој начин. Како доказ за ова, погледнете ги овие фотографии од жени ширум светот кои ќе ви покажат дека убавината е насекаде.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар