Од што се плашат мажите кога станува збор за сексот?

Доколку сте мислеле дека мажите се секогаш самоуверени и немаат никакви стравови кои ги мачат во спалната соба, размислете повторно. И тие знаат да бидат исто толку несигурни и исплашени како и жените. Во продолжение прочитајте кои се најголемите стравови кај мажите во врска со сексот…

Од што се плашат мажите кога станува збор за сексот?

Сексот ќе биде ужасен

Ова е најреалистичниот страв. Помислата дека по сите изгледани филмови за возрасни и по целото искуство што го стекнале, навистина ги ужасува помислата дека сексот ќе биде лош. Секогаш ќе се прашува дали било до него и дали можел да направи нешто поразлично.

Ја одбрал погрешната долна облека

Жените не се единствените кои се грижат за долната облека. Што ако не изгледа убаво на нив? Што ако се извалкала? Сепак, не е крај на светот. Секогаш можат да изгасат светло и да се соблечат што е можно побрзо.

Не може да најде кондоми

Во ваков случај, тој се соочува со голема дилема. Сексот со заштита е обврска и ако не понел презервативи со себе, тој нема да знае како да постапи. Треба ли да ја праша девојката дали таа носи заштита? Дали поради ова ќе изгледа како почетник кој ретко има сексуални односи? Што ќе си помисли девојката? Нема излез од оваа ситуација, едноставно секогаш носете заштита со себе.

Премногу се поти на критичните места

Лоша идеја е по долгите летни прошетки или вечери поминати во дискотека без вентилација да имате сексуални односи, освен ако не се истуширате претходно. Тој постојано ќе мисли на тоа дали мириса непријатно и нема да може да се опушти целосно.

Од што се плашат мажите кога станува збор за сексот?

Прашањето: „Влезе?“

Ова е многу голем страв присутен кај сите припадници на машкиот пол. Секако дека не е многу реалистичен, но се случува. Познато е дека мажите се опседнати со големината на нивниот пенис, така што самодовербата во голема мера им зависи токму од тоа.

Сѐ ќе тргне наопаку

Сте почнале да се загревате, но неговиот пенис едноставно не сака да соработува. Ова е можеби најреалистичниот страв кај мажите. Нефункционален пенис значи дека нема да имате секс, а може и да е знак на сериозен здравствен проблем. Доколку тоа веќе му се случило во минатото, стравот дека некогаш повторно ќе му се јави проблемот дополнително му ја отежнува ситуацијата.

Ќе си ја удри главата или ќе испушти гас

Нормално е за време на сексот понекогаш да се случи нешто засрамувачко. Или ќе го игнорирате или ќе се насмеете и ќе продолжите понатаму. Но, понекогаш работите можат да тргнат навистина наопаку. Испуштањето гас за време на секс може да биде навистина непријатно, а ударот на главата може да заврши со многу крв и неколку конци. Овие сценарија се неговите најголеми кошмари.

Секоја жена со којашто спиел одглумила оргазам

Што ако тој не е толку добар колку што мисли, туку напротив, толку е лош што девојките се чувствувале ужасно и постојано глумеле оргазам за да заврши сексот? Оваа мисла постојано го измачува.

Девојката ќе заспие

Ова не е толку страшно, колку што е демотивирачко. Единствено полошо прашање од „Дали беше добро?“ е „Дали се наспа убаво?“.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар