Науката против мамурлакот

Не можете да го поднесете мамурлакот, но сè уште не сте подготвени да се откажете од лудориите за време на викендот? Сигурно досега сте ги слушнале сите митови и сте ги пробале сите апчиња, но сепак ништо не ви помага во неговото спречување или лекување.

Науката против мамурлакот

Погледнете го наредново видео и следете ги овие научно анализирани чекори кои со сигурност ќе ви помогнат по викендот да се разбудите како нормален и функционален човек, подготвен за уште една недела напорна работа…

1. Пред да започнете со пиење, јадете високо калорична храна. Таа го намалува апсорбирањето на алкохолот и помага против иритацијата на желудникот. Исто така, тој ден зголемето го и внесувањето на јаглехидратите, тие го спречуваат паѓањето на шеќерта во крвта и помагаат со мачнината која често се појавува наредното утро.

2. Пијте многу вода! Таа е вашиот најдобар пријател пред, за време на пиењето и потоа. Бидејќи алкохолот на некој начин го дехидрира вашето тело, останатите органи „крадат“ вода од мозкот и поради тоа тој буквално се смалува. Така настануваат утринските главоболки.

3. Аспирин. Доколку сепак се одлучите за апчиња утрото по бурната вечер, најдобар избор е аспиринот. Останатите аналгетици во комбинација со алкохол можат негативно да влијаат на вашиот црн дроб.

4. Доручекот е клучниот чекор при справување со мамурлакот. Направете некоја комбинација од банана, јајце и овошен сок.

5. И за крај, најважно од сè, научете да ја препознавате својата граница. И покрај тоа што постои разлика помеѓу полот, расата и возраста кај луѓето во однос на толеранцијата на алкохолот, овие научно докажани чекори можат многу да ви помогнат по завршувањето на викендот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар