Направете природен антибиотик кој нема да ве чини повеќе од 30 денари

За време на зимскиот период помалку се движиме и повеќе јадеме, па така нашиот имунитет станува слаб и помалку отпорен на надворешните фактори. Токму овој природен антибиотик може да ви помогне да си го заштитите организмот во ладниот период кој следува. Петте состојки кои ви се потребни со сигурност ги имате дома, а доколку ги немате нема да ве чинат повеќе од 30 денари.

Направете природен антибиотик кој нема да ве чини повеќе од 30 денари

Потребни состојки:
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици свежо рендан ѓумбир
  • ½ лажиче мелени чили пиперки
  • ½ лажиче цимет
  • 100 мл свежо цеден сок од лимон
Начин на подготовка:

1. Исцедете го лимонот и во него ставете го лукот, кој претходно ќе го згмечите, ѓумбирот, чилито и циметот.

2. Сите состојки убаво измешајте ги и на крај додадете го медот за да добиете погуста смеса.

3. Смесата префрлете ја во стаклен сад со капаче и добро затворете ја. Оставете ја на собна температура три часа и потоа чувајте ја во ладилник.

Совет:

Земајте едно лажиче дневно, најдобро наутро на празен стомак, за да го зајакнете имунитетот. Доколку сте настинати или болни, тогаш земајте по три лажички дневно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар