Највкусната торта со кафе што некогаш сте ја пробале

Одличен викенд рецепт за љубителите на вкусот на кафето

Највкусната торта со кафе што некогаш сте ја пробале

Потребни состојки:
  • 1 супена лажица инстантно еспресо во право
  • 1 лажица зовриена вода
  • 125 грама путер, омекнат
  • 1/2 лажица екстракт од ванила
  • 150 грама кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 200 грама брашно
  • 120 грама павлака
  • 30 грама ореви, исечкани
За преливот:
  • 2 кафени лажички инстант еспресо во прав
  • 2 супени лажици зовриена вода
  • 200 грама шеќер во прав
  • 20 грама путер, омекнат
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и подгответе тава за печење така што ќе ѝ поставите хартија за печење. Комбинирајте ги кафето и зовриената вода во еден сад и мешајте додека не се соединат.

Со помош на електричен миксер, изматете ги путерот, ванилата и шеќерот додека не добиете лесна и хомогена смеса. Додајте ја мешавината со кафето и продолжете да матите додека не се комбинираат. Следен чекор е додавање на јајцата, едно по едно, матејќи по секое. Потоа сипете го брашното и мешајте додека не се соединат. На крај додајте ја и павлаката и продолжете со мешање.

Префрлете ја добиената смеса во подготвената тава и измазнете ја површината. Печете околу 45 минути или сè додека не боцнете чепкалка за заби во тестото и тоа не излезе суво. Оставете да отстои во тавата околу 5 минути.

Во меѓувреме направете го преливот од кафе. Комбинирајте ги кафето со зовриената вода во мал сад отпорен на топлина и мешајте додека кафето не се разложи. Додајте го шеќерот во голем сад, па врз него сипете ја и мешавината со кафето заедно со путерот. Мешајте додека не добиете мазна и комбинирана смеса. Поставете ја тортата на чинија за послужување и намачкајте ја со преливот одозгора. Попрскајте со ореви.

Доколку ви се допадна овој рецепт, пробајте ја и оваа торта од кафе, чоколадо и лешници.

 

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар