Какво е чувството да се заљубите во вашиот најдобар пријател?

Какво е чувството да се заљубите во вашиот најдобар пријател?

Кога ќе се заљубите во вашиот најдобар пријател, вие не ги разбирате луѓето што се жалат за љубовта и љубовните врски и не можете да ги сфатите приказните за кршење на срцето или модерните проблеми за љубовното состанување. Вие не разбирате дека комуникацијата може да биде тешка и дека луѓето можат да престанат да чувствуваат љубов за својот партнер.

Какво е чувството да се заљубите во вашиот најдобар пријател?

Кога ќе се заљубите во вашиот најдобар пријател, вие не треба да се правдате за своите маани, ниту пак за тоа што ве нервира. Тие веќе знаат. Тие знаат дека ги љубите. Тие веќе ве прифатиле. Тие не се грижат за вашите маани бидејќи ги љубеле и се справувале со нив со години наназад. Вие нема потреба да се извинувате за тоа како се чувствувате бидејќи никој не бара од вас објаснување и никој никогаш не ви се лути за емоциите. Тие ве знаат подобро од што се знаете вие самите.

Вие не мора да се грижите за испратените пораки, не мора да размислувате два пати пред да кажете нешто, бидејќи се чувствувате безбедно покрај нив. Тие ве виделе во најдобро, но и во најлошо. Тие го средувале хаосот зад вас. Тие биле онаму каде што никој претходно не бил и знаат што ве прави среќни, знаат како да ве насмеат, знаат како да ви го исцелат срцето. Тие знаат и колку ви е големо срцето и колку се грижите и ве поддржуваат во сè. Тие отсекогаш биле вашите најголеми фанови што го гледале најдоброто во вас, дури и кога вие не сте можеле да го видите.

Кога ќе се заљубите во вашиот најдобар пријател, знаете дека имате покрај себе личност што знае што ви го крши срцето, што ве расплакува, што мразите и што ве повредува па ќе се обидуваат да ги избегнуваат сите овие работи што би можеле да ви предизвикаат болка. Во минатото тие го исцелувале вашето срце како пријател, а сега продолжуваат истото да го прават како ваши љубовници.

Бидете среќни за оваа личност во вашиот живот, бидејќи тој или таа е таму за да остане. Не испуштајте ги од раце и погрижете се да им возвратите со истиот труд.

Прочитајте ги и овие 19 знаци дека тој ги заслужува вашето внимание и љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар