Медени срциња за Св. Валентин

Сладок десерт за двајца

Медени срциња за Св. Валентин

Потребни состојки:
  • 200 грама путер
  • 100 грама плус 3 супени лажици шеќер во прав
  • 1 жолчка од големо јајце
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • 300 грама брашно
  • прстофат сол
  • 200 грама џем од малини
Начин на подготовка:

1. Во тавче ставете два слоја хартија за печење и загрејте ја рерната на 150 степени.

2. Матете ги путерот и 100 грама шеќер додека добиете пенеста смеса.

3. Додадете ги жолчката и екстрактот од ванила и продолжете да матите.

4. На крајот додадете ги брашното и солта и замесете тесто.

5. Тестото поделете го на 2 еднакви дела и секој дел растегнете го додека постигнете дебелина од 5 милиметри. Потоа едниот дел обложете го со најлонска фолија и ставете го во фрижидер.

6. Со калап во форма на срце од другото тесто направете срциња.

7. Извадете го тестото што претходно го ставивте во фрижидер и со истиот калап направете уште такви срциња. Потоа, со помал калап во срцевидна форма направете по едно мало срцевидно прозорче во половина од направените срциња.

8. Внимателно со шпатула пренесете ги сите срциња на хартијата за печење. Печете ги во претходно загреаната рерна 10-12 минути. Извадете ги кога ќе добијат убава златна боја и оставете ги целосно да се изладат.

9. На оние срциња кои немаат прозорче ставете по малку џем од малини, а потоа врз него додајте срце со прозорче.

10. На крај наросете со шеќер во прав и сервирајте.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар