Листи за подобрување на продуктивноста на работното место

Соработниците постојано ви поставуваат прашања, добивате задачи кои треба веднаш да ги завршите, а телефонските повици ја прекинуваат вашата концентрација. Листата на работи кои треба да ги направите станува сè поголема, сè додека не одлучите да ја фрлите во ѓубре и да започнете да работите на поинаков начин.

Во нејзината книга „Што да правите кога имате премногу работа?“, Лаура Стак им помага на работниците кои имаат премногу обврски да работат поефикасно. Според Стак, користењето на листи може да ви заштеди околу 90 минути дневно. На тој начин може да станете попродуктивни на работа и пофокусирани на домашните обврски. Наместо единствената листа на работи кои морате да ги направите, направете три различни листи кои ќе ве насочат во вистинскиот правец. Листи за подобрување на продуктивноста на работното место

Листа на работи кои не треба да ги направите

Колку многу озборувате или сурфате на Интернет додека сте на работа? Сигурно повеќе отколку што е потребно. Ова е причината поради која треба да направите листа на работи кои не треба да ги правите. Оваа листа вклучува работи кои треба да одбивате да ги правите, односно непотребни работи на кои го трошите времето. Целта на оваа листа е да се фокусирате на обврските кои треба да ги завршите. Работите наведени на оваа листа треба да бидат прецизни. Наместо да напишете „Денес нема воопшто да се вклучам на Фејсбук“, подобро е да напишете „Секој ден сè помалку ќе се вклучувам на Фејсбук“. Ако се придржувате кон оваа листа, за кратко време ќе станете поефикасни и ќе го намалите бројот на завршени неважни задачи. Листи за подобрување на продуктивноста на работното место

Листа на итни работи

Оваа листа содржи работи кои мора да бидат завршени во најбрз можен рок. Целта на оваа листа е да научите да управувате со времето. Бројот на задачи кои ги содржи оваа листа е различен. На пример, веб-дизајнерот може да има 20 задачи на оваа листа, но само 3 од нив ќе успее да ги заврши за еден ден. За разлика од него, авторот може да има само една задача, но во текот на денот ќе истражува на уште неколку други теми. Листата на итни работи е флексибилна затоа што во текот на работниот ден постои можност за зголемување на задачите кои треба да бидат веднаш завршени. Во оваа листа, исто така, спаѓаат и помали работи кои не мора да се завршат веднаш, но може да се натрупаат ако бидат запоставени, како што е на пример, подготвувањето на месечни извештаи. Листи за подобрување на продуктивноста на работното место

Листа на работи кои треба да ги направите

Оваа листа вклучува сè што треба да биде завршено во одреден временски период, но не веднаш. Задачите наведени на оваа листа ќе го менуваат својот редослед во зависност од роковите. Дел од задачите може да преминат во листата на итни работи, а дел од нив може да бидат елиминирани. Ако не можете да одлучите дали одредена задача треба да биде на оваа листа или на листата за итни работи, запрашајте се дали задачата треба да биде завршена денес. Ако одговорот е не, задачата останува на оваа листа, но ако одговорот е да, тогаш станува збор за итна задача. Листи за подобрување на продуктивноста на работното место


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар