4 тајни што можете да ги научите од книгата со рецепти на Меган Маркл

4 тајни што можете да ги научите од книгата со рецепти на Меган Маркл

Знаевте ли дека Меган Маркл ја објави нејзината прва книга со рецепти? Насловена „Заедно: Книга со рецепти од нашата заедница“ (Together: Our Community Cookbook), книгата содржи разни рецепти и приказни од жените од кујната во Муслиманскиот центар за културно наследство Al Manaar. Групата се формирала по трагичен пожар кој го уништил градот околу палатата Кенсингтон. Погледнете неколку интересни тајни што Меган ги споделила во нејзината книга.

1. За најкремастиот намаз од авокадо…

4 тајни што можете да ги научите од книгата со рецепти на Меган Маркл

Додајте малку јогурт и мајонез. За секое авокадо додајте 3 лажици јогурт и 4 лажици мајонез. Меган изјавила дека ова е нејзиниот нов омилен рецепт за гвакамоле.

2. Досега погрешно сте го подготвувале кускусот

4 тајни што можете да ги научите од книгата со рецепти на Меган Маркл

Најдобриот начин за приготвување на кускус е следниот – накиснете го кускусот во солена вода и оставете го околу 5 минути. Потоа разделете го со вашите прсти, ставете го во ситно сито и држете го на пареа покриен со фолија. Иако изгледа како многу работа, навистина вреди. Ќе добиете двојно повоздушеста маса.

3. Салатата не мора да биде здодевна

4 тајни што можете да ги научите од книгата со рецепти на Меган Маркл

Додајте малку буковец и веднаш ќе го подобрите вкусот на салатата.

4. Печењето со кефир е брилијантно

4 тајни што можете да ги научите од книгата со рецепти на Меган Маркл

Веќе знаете дека кефирот е одличен извор на пробиотици и калциум. Но дали некој навистина сака да го пие? Според еден рецепт од книгата на Меган, млекото можете да го замените со кефир кога правите торта, леб или колачи.

Погледнете ги и советите за готвење што ќе ви го спасат секој оброк.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар