Крцкав чипс од француско лепче

Закуска која оди одлично во комбинација со сосови

Крцкав чипс од француско лепче

Потребни состојки:
  • 1 багет
  • 60 г путер (омекнат)
  • 4 чешниња печен лук (ситно исечкан)
  • рузмарин (ситно исечкан)
  • сол
  • црн бибер
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени, а тавата покријте ја со хартија за печење.

Во еден сад ставете ги путерот, лукот, рузмаринот, солта и црниот бибер и измешајте ги убаво да се соединат.

Багетот исечете го на кришки од 3 милиметри. Потоа намачкајте ги со смесата од путер и печете ги во загреаната рерна 10 минути, додека да добијат убава кафена боја и да станат крцкави. Послужете ги топли или оладени по ваша желба.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар