Кавалерски гестови кои жените повеќе не ги сакаат

Кавалерството е листа од непишани правила, како на пример кодекс за облекување и мислењето дека сите жени сакаат да бидат третирани исто. Проблемот е што додека на некои жени им се допаѓаат овие особини, други посакуваат да не бидат третирани на тој начин. Погледнете кои постапки на кавалерите не им се допаѓаат на жените.

1. Ја „браните“ нејзината чест

(1)kavalerski-gestovi-koi-zhenite-povekje-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

Замислете си дека некој случајно се судрил со вашата партнерка и не сака да се извини. Веројатно ќе истапите напред за да го решите тоа. Но, денес овие ситуации може да прераснат во тепачка или во вербални навреди. Исто така со ова вие ѝ покажувате дека таа не може да се грижи и да зборува сама за себе. Во овој случај не треба да ја одбраните, туку да ја поддржите. Наместо да правите сцена, обидете се да ѝ го подобрите расположението за да заборави на настанот.

2. Порачувате за неа во ресторан

(2)kavalerski-gestovi-koi-zhenite-povekje-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

На многу жени не им се допаѓа ова. Кога инсистирате вие да порачате за неа, таа може да се чувствува како да нема право да разговара со келнерот. Или пак полошо, ќе си помисли дека сметате дека не може да ги каже своите одлуки. Едноставно покажете кон неа кога ќе дојде келнерот и дозволете ѝ да порача прва. Ова е добар и учтив гест, а ако не е подготвена да нарача, ќе ви даде предност.

3. Ги носите нејзините кеси без да ја прашате

(3)kavalerski-gestovi-koi-zhenite-povekje-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

Не, нема ништо лошо во тоа да помогнете кога некој пренесува нешто тешко. Но, ако посегнете по кесите на девојката без да ја прашате, тоа не е добро. Иако мислите дека сте учтиви, таа ќе помисли дека ја сметате за неспособна. Подобро е да ѝ понудите да носите неколку работи. Со ова ќе ѝ покажете дека се грижите, а не дека сметате дека не може и сама.

4. Претерувате со комплименти

(4)kavalerski-gestovi-koi-zhenite-povekje-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

Комплиментите можат да разубават сечиј ден. Но, многу често се претерува со овој гест. Во ред е да ѝ кажете дека фризурата и фустанот ѝ се прекрасни, но ако премногу ѝ се восхитувате ќе почнете да звучите несигурно, или како да имате некој скриен мотив. Покрај тоа ако ова ви е прв состанок, многуте комплименти ќе ја „згушат“. Доволно е само еден комплимент за да ѝ ја разубавите вечерта.

5. Го тргате нејзиниот стол

(5)kavalerski-gestovi-koi-zhenite-povekje-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

Речиси секаде можете да го најдете и да го слушнете советот дека треба да ѝ помогнете на девојката со столот. Но овој гест може многу брзо да ја направи целата ситуација непријатна. Треба да внимавате дали ќе има место да седне, а потоа да внимавате како ќе ја приближите до масата без да ја удрите во неа. Доволно е само малку да го мрднете столот за да покажете почит, а потоа оставете ја сама да си седне и да се намести.

6. Инсистирате за гламурозен прв состанок

6)kavalerski-gestovi-koi-zhenite-povekje-ne-gi-sakaat-kafepauza.mk

На некој начин денес е проширено верувањето дека сите состаноци треба да бидат во луксузни ресторани со свечени фустани и костими. Ова особено важи кога се обидувате да импресионирате некој на првиот состанок. Но, ова ретко излегува по план. Можеби таа не го сака затемнетиот италијански ресторан, или пак не сака да помине 2 часа во средување. Ако не сте сигурни за првиот состанок, најдобро е да ја прашате што таа сака да прави. На овој начин и двајцата ќе уживате.

7. Прославување на Денот на вљубените

Valentine's Day Spirit Grips The U.S.

Ниту еден празник не го истакнува кавалерството како овој. И да, постојат девојки кои го сакаат старомодниот подарок од букет и чоколадо. Но, за многумина ова е социјален притисок. Многу жени се прашуваат зошто не добиваат букет и чоколадо и во останатите 364 денови од годината. И иако е тешко за верување, некои девојки не сакаат рози и благо. Ова може да биде навистина ризична ситуација ако сте заедно малку време. За почеток откријте и дали воопшто сака да го прославува Денот на вљубените. Ако сака, одберете нешто пооригинално, како на пример, активност во која уживате и двајцата.

Мажи, погледнете ги и 16-те нешта за жените кои би требало да ги знаете.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар