Како да прекинете здодевен телефонски разговор?

Автор: Моника Димитровска

Има денови кога едноставно не ни се прави муабет, а токму тогаш телефонот не престанува да ѕвони. А има и луѓе кои сакаат многу подолго да „висат“ на телефон одошто вие би сакале.

Како да прекинете здодевен телефонски разговор?

За да ве поштедиме од дополнително уништување на расположението кога не ви се прави муабет, а воедно и да ги поштедиме пријателите или роднините од вашите можни несакани реакции и кажани зборови преку телефон, ви подготвивме ефикасни изговори со кои може да го прекинете телефонскиот разговор без да бидете некултурни. Овие три работи треба да ги имате на ум:

1. Најдете добра причина за да го прекинете разговорот
2. Дајте до знаење дека сте временски ограничени
3. Искористете еден од овие изговори:
  • Морам да исклучам, некој ѕвони за вратата.
  • Ме викаат за ручек. Да јадам, ќе ти се јавам подоцна.
  • Некој ми ѕвони на втора линија, морам да исклучам – очекувам повик од шефот.
  • Морам да завршам, утре полагам 2 испити, треба да учам. Ќе се чуеме потоа. Или доколку одите на работа, кажете дека подготвувате важен проект за кој ви треба максимална концентрација, а имате малку време.
  • Батеријата на телефонот ми е на 1%, имај предвид дека разговорот може да се прекине во секој момент. И нормално сами одлучувате кога ќе го прекинете, но гледајте тоа да биде додека вие зборувате. Така ќе биде помалку сомнително.
  • Излажете дека сте на важен состанок, прослава или со партнерот.
  • Викнете по името на вашиот миленик, помал брат/сестра или по внуците кои божем ви се на гости. Веднаш потоа одглумете дека направиле некоја беља и затоа мора да прекинете.
  • Позајмете го познатиот изговор од филмовите – не можам да те чујам, мрежата се прекинува… Ало, алооо?

Како да прекинете здодевен телефонски разговор?

Откако ќе смислите причина или ќе искористите некој од горе наведените изговори, препознајте го соодветното време за да кажете збогум. Една техника за ова е наоѓање на критична точка во разговорот. Имено, кога ќе се направи пауза, искористете ја за да кажете дека мора да прекинете, откако сте му дале шанса на соговорникот да си го каже своето. Но, треба да бидете трпеливи. Прекинувањето со длабоки воздишки е грубо и може да го навреди лицето.

Доколку одлучите културно да го прекинете разговорот, извинете се и договорете евентуална средба со соговорникот онлајн или во живо за да го продолжите муабетот.

Доколку сте во ваква ситуација моментално, уште веднаш  прекинете го здодевниот телефонски разговор кој не ви причинува задоволство следејќи ги нашите совети и продолжете да читате Кафе пауза.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар