4 необични, но делотворни начини на кои дрвјата можат да ве излечат

Шумите често се претставуваат како дом на многу митски суштества и од нив потекнуваат многу легенди и суеверија. Дали знаевте дека на пример, друидите и германските пагани ги обожувале дрвјата? Интересно е што шумите се и совршено место за лекување. Целата напнатост и стрес можат да исчезнат со малку „шумска терапија“. Па како да го извлечете најдоброто од ова?

1. Одете на „шумска бања“ (Shinirin Yoku)

Многу Јапонци веруваат дека оваа техника го подобрува имунитетот, а науката успеала да го докаже тоа. Едноставната прошетка низ шума може да ве направи посилни и поздрави. Причината се есенцијалните масла од дрвјата кои се испуштаат во воздухот и го зголемуваат бројот на клетките „убијци“ во вашето тело. Овие клетки се борат против болести и ве одржуваат во форма.

Интересно е што во 1982-ра година Агенцијата за шуми во Јапонија предложила шумската бања да биде дел од здравиот животен стил. Јапонците толку многу ја сакаат оваа техника што дури и компаниите ги поддржуваат нивните вработени да ја пробаат. Па, зошто и вие да не ѝ дадете шанса? Ќе почувствувате придобивки за сите ваши сетила.

  • Слух: Звуците како шумолењето на ветрот, шушкањето на лисјата и пеењето на птиците докажано го смируваат умот. Со ова значително се намалува и крвниот притисок.
  • Вид: Со самото гледање на шумски пејзаж се забавува чукањето на срцето и се зголемува чувството на смиреност и радост.
  • Мирис: Мирисот во шумата може да има неверојатен ефект на вашето тело. Шетањето низ ваков предел ги намалува крвниот притисок, анксиозноста и депресијата.

Шумската бања може да ви ги намали стресот, болката и нивото на шеќер во крвта, како и да ја зголеми вашата концентрација.

2. Прегрнете дрво

Иако изгледа налудничаво, прегрнувањето дрвја се практикува почесто отколку што мислите и тоа не е залудно.

Познато е дека секој атом вибрира, а атомите на секој предмет или суштество вибрираат на различни фреквенции. Дрвјата имаат уникатна шема на вибрирање што може да предизвика позитивни промени во вашето тело доколку ги допрете.

Исто така, докажано е дека ако испиете чаша вода третирана со вибрации од 10 Hz, веднаш се менува нивото на згрутчување на крвта. Па кога ќе прегрнете дрво, подгответе се за позитивни вибрации. Самото прегрнување го поттикнува и лачењето на окситоцин, хормон одговорен за смиреноста. Се лачат и серотонин и допамин, хормони кои ве прават посреќни.

Позитивно влијание има и вдишувањето на свежиот воздух околу дрвјата. Веќе знаете дека тие служат како еден вид филтри за воздухот, па вдишувањето почист воздух ја подобрува дигестијата, го намалува крвниот притисок и го подобрува расположението.

3. Разговарајте со дрво

Дрвата се најдобрите советници. Тие се тивки, ќе ве ислушаат, нема да ви судат и можете да им верувате. И оваа техника можеби ви изгледа чудна, но по „разговорот“ со дрво емоционално ќе се исчистите и ќе се чувствувате многу подобро.

4. Разговарајте со себе околу дрвја

Воопшто не е лошо да разговарате самите со себе. Дури и истражувањата покажале дека од ова има многу придобивки. Шумата е одлично место за да имате разговор со себе – тивко е и мирно и наоколу нема луѓе кои би ви суделе и би ви создале напнатост. Разговорот со себе не само што ќе ви помогне да најдете друга перспектива, туку ќе ви помогне и да се спријателите со себеси.

Едно истражување од Универзитетот Трент и Џорџ во Нотингем, покажало дека разговорот со себе го намалува стресот и ја зголемува самодовербата. Кога зборувате на глас се чувствувате мотивирано да навлегувате во дискусии, а ова е од голема важност за интровертите. На овој начин ќе ги искажете и вашите најдлабоки мисли и чувства без никаков филтер.

Па, кога следниот пат ќе се најдете во шума, дозволете им на емоциите да излезат од вас. Викајте, зборувајте, плачете и смејте се, сè за ваше задоволство.

Дали знаете што се случува со нашето тело кога одиме боси по земја?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар