Престанете да го барате само лошото во луѓето и запомнете дека има и добро

Многу е полесно да го гледате лошото кај луѓето. Полесно е да повредите некого пред тој да ве повреди вам. Полесно е да ја гледате темнината, но ако гледате само во неа никогаш нема да ги видите ѕвездите.

Престанете да го барате само лошото и запомнете дека има и добро

Иако бегањето со самосаботирање е многу полесно од соочување со ужасната реалност, нема убавина во тој искривен свет. Иако е полесно да го видите лошото кај личноста наместо да го барате доброто, оваа перспектива е токсична.

Немојте да бидете заслепени од темнината. Полека но сигурно, таа ќе ве изеде.

Во човечката природа е да го гледате само она што сакате да го гледате. Да верувате само во она во коешто сакате да верувате. Да гледате сè поразлично отколку што навистина е. Да гледате само црно и бело.

Го правите ова бидејќи ви дава утеха. Полесно е да верувате во вашата верзија на вистината. Полесно е да ги туркате луѓето од вас, наместо да им го откриете вистинското лице, вашите несигурности и ранливост. Измислената реалност дава безбедност и утеха.

Но, ова е деструктивно. Поради тоа ќе изгубите многу можности, многу пријателства и врски. Стравот од неуспех уште повеќе придонесува кон ова. Страв од соочување и страдање. Страв дека не сте доволно добри.

Но ако никогаш не сте страдале, никогаш нема да дознаете колку всушност сте го сакале она што го сакате. Ако никогаш не сте страдале, набрзо ќе сфатите дека не сте живееле во реалниот свет.

Ако сте го гледале само лошото кај луѓето и болката што ви ја нанеле, никогаш нема да го согледате нивниот вистински потенцијал. Ако постојано сте живееле во затворен универзум на недоверба, ќе се изгубите прашувајќи се за автентичноста на луѓето околу вас.

Без разлика колку би било тешко, без разлика колку сега е тешко, одберете да го гледате доброто. Побарајте ја ѕвездата во вашата темнина и дозволете ѝ да ви го покаже светот и сета добрина.

Иако некогаш сонцето ќе зајде и ќе го затемни светот, ова е само привремено – тоа повторно ќе изгрее. Лошото е дел од животот и колку и да сакате да го гледате само тоа, не заборавајте дека има и многу добрина. Дозволете ѝ да го осветли вашиот свет.

Прочитајте ги и овие приказни кои ќе ви ја вратат вербата во добрината на човекот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар