Што се случува со нашето тело кога одиме боси по земја?

Фотографијата во продолжение ја покажува подобрената циркулација на лицето (десно) по само 20 минути „заземјување“.

shto-se-sluchuva-koga-odime-bosi-po-zemjata-kafepauza.mk

Заземјувањето е поставување на вашите стапала директно на земјата, без чорапи или чевли како „пречка“. Земјата има негативен полнеж кој теоретски е добар извор на антиоксиданси. Џејмс Ошман, доктор по биологија и експерт во полето на енергетската медицина изјавил:

„Истражувањата покажаа дека заземјувањето го подобрува здравјето и расположението. Исто така тоа може да се сретне во многу литературни дела, но и разни култури од целиот свет. Поради многу причини, поголемиот дел од луѓето одат боси само кога се на одмор на плажа.“

Кога ќе размислите, сето ова има смисла. Во нашата природна состојба, ние не би носеле ништо на стапалата. Одењето боси ќе ви помогне да апсорбирате големо количество негативни електрони преку стапалата, кои пак го подобруваат вашето здравје.

(1)shto-se-sluchuva-koga-odime-bosi-po-zemjata-kafepauza.mk

Науката зад заземјувањето

Многуте истражувања кои се направени покажале дека заземјувањето може да биде потенцијален лек за многу хронични болести. Едно од нив покажало дека токму оваа техника можеби е најважниот фактор за регулирање на ендокриниот и нервниот систем. Заземјувањето ја намалува болката, го подобрува спиењето, го подобрува расположението… Исто така заземјувањето за време на вежбање има влијание на метаболизмот на протеините и резултира со позитивна рамнотежа на азот. Постојат дузина истражувања кои само ги потврдуваат психолошките ефекти од заземјувањето, вклучувајќи сè од срцеви болести, па до забавување на процесот на стареење. Но за жал, повеќето луѓе кои живеат во развиените држави речиси никогаш не одат боси.

Како да го примените заземјувањето?

Сите ние кога излегуваме надвор носиме некакви обувки кои имаат гумени или пластични ѓонови. Овие материјали делуваат како изолатори и го спречуваат полнежот на земјата да протече низ нас. Ако одите боси по песок, трева, бетон или керамика, вие сте заземјени. Но ако одите боси по асфалт, дрво, гума, пластика, нема да бидете заземјени. Па, кога ќе ви се укаже следната можност соблечете ги чевлите и прошетајте боси.

Шуманова резонанса

Во 1952 година, германскиот професор по физика Шуман, сакал да открие дали земјата има некаква фреквенција – пулс. Неговото тврдење за постоењето на фреквенцијата потекнува од фактот дека кога една сфера постои во друга се создава електрична тензија. Бидејќи негативно наелектризираната земја постои во позитивно наелектризираната јоносфера, сигурно постои и некаква тензија помеѓу двете. А ова би ѝ дало фреквенција на земјата. Следејќи го ова, преку низа пресметки тој стигнал до некој број за кој сметал дека е пулсот на земјата. Оваа фреквенција била 10 херци.

Дури во 1954 година Шуман се здружил со уште еден научник со кој утврдиле дека фреквенцијата на земјата е 7,83 херци. Ова откритие подоцна било тестирано од неколку научници и било потврдено. Шумановата резонанса е научно прифатен термин и се користи за опишување или мерење на земјениот пулс. Иако нејзиното постоење е научно потврден факт, сепак мал е бројот на научници кои целосно ја разбираат важната врска помеѓу оваа фреквенција и животот на планетата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар