Како да изладите топло пиво за 3 минути?

Дали некогаш ви се случило да ви се најават гости или во полош случај тие веќе да се дојдени, а вие да немате ладен пијалак? Отсега повеќе нема да имате потреба да се грижите, бидејќи за само неколку минути, следејќи ги неколкуте едноставни чекори, вие ќе имате леден пијалак спремен за освежување. Иако примерот е прикажан со ладење пиво, истата постапка важи и за сок, минерална вода, вино или било кој друг пијалак.

Како да изладите топло пиво за 3 минути

  1. Ставете ги топлите пива во метално тенџере.
  2. Наполнете го тенџерето со мраз и комплетно покријте ги пивата.
  3. Потоа наполнете го тенџерето со вода.
  4. Додадете 400 грама сол (во овој дел е трикот).
  5. Земете дрвена лажица и убаво промешајте за солта да се растопи.
  6. На крајот, 3 минути оставете го тенџерето во комората на фрижидерот.
  7. Уживајте во ладното пиво.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар