Испробајте го овој „направи сам“ рецепт за поубави веѓи

Кокосовото масло беше крал помеѓу здравите намирници во текот на минатите години кое го користевме за сѐ и сешто. Од хидратација на кожата, отстранување на шминката и нега на косата, сè до најразлични рецепти за јадење… Тоа траеше сè додека не доби лоша репутација после објавата на здружението „American Heart Association“ кое тврди дека кокосовото масло воопшто не е добро за јадење, особено кога станува збор за кардиоваскуларното здравје.

2-isprobajte-go-ovoj-napravi-sama-recept-za-poubavi-vegji-www.kafepauza.mk_

Ако сте купиле кокосово масло, а сега се плашите да го консумирате, воопшто не треба да го фрлите. И понатаму можете да го искористите како повеќенаменски бјути препарат, а ние ќе ви дадеме уште една корисна идеа. Од него можете да направите крема за веѓи која ќе ги нахрани, ќе ги пополни и ќе им даде убава боја.

Рецептот е едноставен: Измешајте малку кокосово масло со кафеава сенка за очи која е во слична нијанса како вашата природна боја на веѓи и нежно со четка нанесете ја смесата на веѓите.

Не само што убаво ќе ги обликувате и обоите, туку и истовремено ќе ги нахраните. Вреди да се испроба, зар не?

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар