Исчистете го домот за помалку од 20 минути

Брзото темпо на живење не ни дозволува да посветиме многу време и внимание на домот. Особено кога станува збор за чистењето, е тоа е веќе проблем. Затоа, погледнете што сè можете да исчистите во домот за помалку од 20 минути. Ова се неколку проекти за одржување на чистотата во домот, кои можете да ги прилагодите на слободното време кое го имате:

Исчистете го домот за помалку од 20 минути

Имате 20 минути? – Исчистете го подот од бањата

Земете го џогерот, натопете го во вода и миризливо средство за чистење и исчитете го подот од бањата. Особено обрнете внимание на ќошињата на кои се лепат сите нечистотии.

Исчистете го домот за помалку од 20 минути

Имате 15 минути? – Исчистете ги прозорците и огледалата во две соби

Одберете две соби (спална и дневна) и исчистете ги прозорците. Чистете од горе кон долу со средство за чистење стакло, притоа внимавајќи да не оставите некој дел неисчистен. За чистење на огледалата, потсетете се на стариот трик за чистење со стари весници.

Исчистете го домот за помалку од 20 минути

Имате 10 минути? – Исчистете го правот од дневната соба

Електрониката и ламбите фаќаат многу прашина. Исчистете ги со помош на мека крпа и средство за чистење. Посветете внимание на најнедостапните места на електронските уреди и на широките површини околу нив.

Исчистете го домот за помалку од 20 минути

Имате 5 минути? – Испразнете ги корпите за ѓубре

Земете голема црна ќеса и испразнете ги корпите за ѓубре од секоја соба. Потоа, заменете ги со нови.

Исчистете го домот за помалку од 20 минути

Имате 1 минута? – Ставете ги нечистите садови во машината за садови

Исчистете ги остатоцте од чиниите и ставете ги во машина за садови. Соберете ги садовите од сите соби и масички. Вклучете ја машината и таа ќе ја заврши работата за вас.

Исчистете го домот за помалку од 20 минути

Ова не се совети за чистење кои некој не ги знае, но понекогаш ни треба потсетување дека повеќе работи можат полесно да се завршат доколку се праваат во различни периоди од нашето слободно време. Што чекате? Прашината од мониторот нема сама да се избрише. :)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. biljana Reply

    Koga se videlo kupatiloto prvo da se cisti

    • 1231 Reply

      pa koj rece deka prvo treba kupatiloto da se cisti..!

    • Mia Reply

      Во купатилото има секогаш најмногу бактерии. Дури и пожелно е тоа ПРВО да се чисти.

  2. branka Reply

    pa kupatiloto obicno e i najmalo, pa najbrzo se cisti. No po mene se pocnuva od dnevnata soba , koja vo sekoe vreme treba da e cista( moze da dojde nekoj nenajaven) :)

  3. ivona Reply

    prvin treba kujnata pa spalnite ….. na kraj e kupatiloto 😀

Остави коментар